Библиски стих на денот

10 Бидете понизни пред Господа, и Тој ќе ве возвиши!
(Јаков 4:10 ; Библија)

Мојот живот денес

28 март – ПЕЈТЕ МУ СЕКОГАШ НА ГОСПОДА
(22 – 28 март: Чувајте ги приодите на својата душа)

„Вистински Ме почитува оној што принесува благодарни жртви и на оној кој врви по прави патеки, нему ќе му го покажам Моето спасение.“ (Псалм 50:23; Библија)

Дојдете кај Христа токму онакви какви што сте, грешни, слаби и неволни, и Тој ќе ви даде од водата на животот. Вам ви е потребна вера којашто продира низ пеколните сенки со кои сатаната го засенува вашиот пат. Тој постојано измислува задоволства, модни новости и забави со кои толку многу го обзема умот на луѓето и жените, што тие воопшто немаат време за побожно и сериозно размислување…

Библиско поглавје на денот

Евангелие по Марко 2

1 И кога по неколку дена пак дојде во Капернаум; се чу дека е во куќа. 2 И се собраа мнозина, така што немаше веќе место пред вратата; и им го проповедаше Словото. 3 И дојдоа при Него носејќи фатен, кого го носеа четворица. 4 И како не можеа да го донесат до Него, заради народот, го открија покривот над местото каде што беше, и го пробија и ја спуштија постелата, на која лежеше фатениот. 5 А Исус, кога ја виде нивната вера, му рече на фатениот: „Синко, ти се опростуваат гревовите.” 6 А некои од книжниците седеа таму и размислуваа во своите срца: 7 ”Што зборува Овој вака? Тој хули! Кој може да опростува гревови, освен Еден Бог?” 8 И Исус веднаш штом созна со Својот дух дека тие размислуваат така во себе, им рече: „Зошто размислувате така во своите срца? 9 Што е полесно да му се рече на фатениот: ‘Ти се опростуваат гревовите,’ или да му се рече: ‘Стани и земи ја својата постела, и оди!’ 10 Но за да знаете дека Човечкиот Син има власт да ги опростува гревовите на земјата, му рече на фатениот: 11 ”Тебе ти зборувам – стани, подигни ја својата постела и оди си дома!” 12 И стана, веднаш ја подигна постелата, и излезе пред сите, така што сите се восхитуваа и Го славеа Бога, велејќи: „Такво нешто уште никогаш не видовме!” 13 И излезе пак покрај морето; и целото множество доаѓаше при Него, и го поучуваше. 14 И минувајќи, го виде Левија Алфеев, како седи во царинарницата, и му рече: „Врви по Мене!” И тој стана и тргна по Него. 15 И кога прилегна покрај трпезата во неговата куќа, многу цариници и грешници беа покрај трпезата, со Исуса и со Неговите ученици, зашто ги имаше мнозина, и врвеа по Него. 16 А кога книжниците и фарисеите Го видоа како јаде со грешниците и цариниците, им рекоа на Неговите ученици: „Зошто јаде и пие заедно со цариниците и грешниците?” 17 А Исус, кога го чу тоа, им рече: „Не им треба лекар на здравите, туку на болните. Не дојдов да ги викам праведните – туку грешниците на покајание.” 18 Јовановите ученици и фарисеите постеа. И дојдоа и Му рекоа: „Зошто Јовановите ученици и учениците на фарисеите постат, а Твоите ученици не постат?” 19 Исус им рече: „Можат ли сватовите да постат додека е младоженецот со нив? Додека го имаат со себе младоженецот, не можат да постат. 20 Но, ќе дојдат дни кога ќе им го грабнат младоженецот од нив; и тогаш – во тој ден – ќе постат. 21 Никој не пришива крпа од ново сукно врз стара облека. Инаку, закрпата го кине од неа новото од старото, и скинатото ќе биде полошо. 22 И никој не налева ново вино во стари мевови; инаку новото вино ќе ги скине мевовите, па ќе пропаднат и виното и мевовите. Туку, ново вино – во нови мевови!” 23 А кога во сабота одеше низ посевите, Неговите ученици почнаа да прават пат, кинејќи класје. 24 И фарисеите Му рекоа: „Гледај! Зошто го прават во сабота тоа што не е дозволено?” 25 Им рече: „Зар никогаш не сте читале, што направи Давид кога беше во неволја и кога огладне тој и оние, кои беа со него? 26 Како влезе во Божјиот дом, во времето на првосвештеникот Авијатар, и ги изеде поставените лебови, кои никој не смее да ги јаде, освен свештениците; и им даде на оние, кои беа со него!” 27 И им рече: „Саботата е воспоставена заради човекот, а не човекот заради саботата. 28 Така, Човечкиот Син е Господар и на саботата.”


Наша препорака е да се читаат барем по неколку поглавја дневно од Библијата, по ваш сопствен избор. Доколку сè уште не сте почнале да ја читате Библијата плански – ви предложуваме тоа да го почнете уште денес. Кликнете овде за да го изберете планот кој вам најмногу би ви одговарал.

Видео на денот

Хронологијата на судот

Песна на денот

Кликнете тука за текстот на песната

Wonderful, Merciful Savior – Veronica Boyd-Gillis

Wonderful, merciful Savior
Precious Redeemer and Friend
Who would have thought that a Lamb
Could rescue the souls of men
Oh, You rescue the souls of men

Counselor, Comforter, Keeper
Spirit we long to embrace
You offer hope when our hearts have
Hopelessly lost our way
Oh, we’ve hopelessly lost the way

You are the One that we praise
You are the One we adore
You give the healing and grace
Our hearts always hunger for
Oh, our hearts always hunger for

Almighty, infinite Father
Faithfully loving Your own
Here in our weakness You find us
Falling before Your throne
Oh, we’re falling before Your throne

You are the One that we praise
You are the One we adore
You give the healing and grace
Our hearts always hunger for
Oh, our hearts always hunger for

You are the One that we praise
You are the One we adore
You give the healing and grace
Our hearts always hunger for
Oh, our hearts always hunger for

Цитат на денот

Библијата како книга постои поради човештвото, тоа е најголем дар некогаш даден на човештвото. Секое настојување Библијата да се направи помала од ова е злосторство против човештвото.

Мој Исус, мој Господ

Во Исуса им се откривале големи противречности. Тој бил Божји Син, а сепак беспомошно дете. Творец на световите ­ земјата била негова своина ­ па сепак неговото животно искуство на секој чекор го обележувало сиромаштво. Неговото достоинство и особеност наполно се разликувале од земната горделивост и вообразба; Тој не се стремел кон световна големина и бил задоволен дури и со најниска положба. Тоа ги лутело неговите браќа. Тие не можеле да си го објаснат неговото трајно спокојство во искушението и сиромаштвото. Не знаеле дека станал сиромашен заради нас, за ние да се збогатиме со неговото „сиромаштво“ (2. Коринќаните 8,9).

Благодат врз благодат

17. Нема место за фалење

„А сè тоа им се случи за пример, и е напишано за поука нам, врз кои дојдоа краевите на времињата. И така, кој мисли дека стои, нека внимава да не падне! (1 Коринтјаните 10:11-12)

Оној кој што се потпира на Бога дека ќе го одржи, не се потпира на своите сопствени напори. Оној кој постојано има на ум дека Бог го држи, и дека мора да го држи, нема да се фали со својата способност дека може да стои. Кога вечерва би ме довеле овде потполно беспомошен, и кога двајца или тројца браќа овде би требало да стојат и да ме придржуваат, не би било згодно да кажам: „Погледајте ме како стојам!“ Така е и со христијанинот. …

Денешни молитвени предлози

Чучер-Сандево

Да се молиме за сите луѓе кои живеат во општина Чучер-Сандево, за да не ја одбиваат Божјата благодат и да се обратат кон Вистината.

Утринско проучување и молитва

Да се молиме на Бог да ни помогне да се будиме порано наутро за да поминуваме време во читање на Божјото слово – Библијата и да се посветуваме на Бога во молитва. Да ни помогне да ја отфрлиме летаргијата и да бидеме доследни во таа одлука, со Божја сила.

„Со душата своја се стремиме кон Тебе ноќе, и со духот свој ќе Те бараме искрено од рани зори; зашто, кога Твоите пресуди се извршуваат на земјата, тогаш жителите на светот се учат на правда.“
(Исаија 26:9 ; Библија)

„Наутро го слушаш мојот глас; о Господи! Наутро ја испраќам мојата молитва кон Тебе и чекам.“
(Псалм 5:3 ; Библија)

Благодарност

Да благодариме бидејќи независно од околностите и од препреките со кои се соочуваме, секогаш можеме да имаме мир во Исус.

„Ова ви го реков, за да имате мир во Мене. Имате неволја во светот; но бидете храбри – Јас го победив светот.”
(Јован 16:33 ; БИблија

Божји созданија

 

Копнежот на вековите

КОПНЕЖОТ НА ВЕКОВИТЕ – 28 март – Посветување (трет дел)

„Еве“, рекол Симеон, „Овој е определен да собори и да подигне мнозина во Израел, и е знак против кого ќе се говори“. Оние што сакаат повторно да се подигнат, ќе мора да паднат. Ние мораме да паднеме врз Карпата и да се скршиме пред да се подигнеме во Христа. Себичноста мора да се собори, горделивоста мора да се понизи ако сакаме да ја запознаеме славата на духовното царство. Евреите не сакале да ја прифатат честа што е постигната со понижување. Затоа и не можеле да го примат својот Откупител. Тој бил знак на кој му се противеле.

Во светлината на животот на Спасителот се откриваат срцата на сите, почнувајќи дури од Творецот, па до кнезот на темнината. Сатаната Бога го прикажал како себичен и суров, како Оној кој полага право на сè, а не дава ништо; кој бара служба од сите свои созданија за сопствена слава, а не поднесува никаква жртва за нивно добро. Меѓутоа, дарувањето на Христа го открива срцето на Отецот. Тоа сведочи дека Божјите мисли за нас се „мисли добри, а не лоши“ (Еремија 29,11). Тоа покажува дека, иако Божјата омраза кон гревот е силна како смртта, неговата љубов кон грешникот е посилна и од смртта.

На голготскиот крст се соочиле љубовта и себичноста. Нивната појава овде го достигнала својот врв. Христос живеел за да теши и да благословува, а сатаната, убивајќи го, ја покажал сета опачност на својата омраза кон Бога. Тој јасно потврдил дека вистинската цел на неговиот бунт е симнување на Бога од престолот и уништување на Оној преку кого се излеала Божјата љубов.

УБАВИНАТА НА ПОНИЗНОСТА

Горделивите луѓе полни со самите себеси копнеат да бидат успешни, посакувајќи награди и трофеи, за другите да можат да видат.

Понизните и несебични луѓе копнеат да бидат верни, дури и до смрт, посакувајќи ја круната на животот, за Божјата слава да може да се види.

…Биди верен до смрт и ќе ти дадам круната на животот.
(Откровение 2:11 ; Библија)

ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ НА ДЕНОТ

ЖЕДНИ ЗА ВИСТИНАТА

ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ: Телото на еден возрасен човек се состои од околу 70% вода. Препорачано е да се пијат 8 чаши вода на ден, иако една здрава личност може да испие и до 3 литри вода, зависно од околностите и активностите. Кога некој почнува да чувствува жед, повеќе од 1% од целата количина на вода во телото, веќе се загубила.

Многу е тешко да испиете премногу вода…

Комплетно здравје

Железо

Железото е еден од минералните елементи кој му е неопходен на организмот за добро здравје. Тој првенствено е потребен  за изградба на хемоглобинот од црвените крвни клетки, и поради тоа е од клучна важност за правилна дистрибуција на кислород до сите ткива и органи…

Божјите ветувања

10 ако му дадеш леб на гладниот, ако го наситиш угнетуваниот, твојата светлина ќе засвети во темнината, и твојата темнина ќе стане како пладне.
(Исаија 58:10 ; Библија)

Големата Борба

...Но Бог сака на земјата да има народ кој Библијата ќе ја истакнува како единствено мерило за секое учење и како темел за секоја реформа...

ГОЛЕМАТА БОРБА – Големата борба е завршена (петти дел)

…Разорното дело на сатаната засекогаш е завршено. Шест илјади години ја спроведувал својата волја, исполнувајќи ја земјата со јад и нанесувајќ и ѝ болка на целата вселена. Сите созданија стенкале и воздивнувале од мака. Сега Божјите созданија за навек се ослободени од неговото присуство и искушение. „Сета земја почива, мирува, триумфирајќи од радост“ (Исаија 14,7). Низ целата верна вселена се разлеваат похвални песни и радост. „Глас на силен народ, како бучава на силни води и како татнеж на моќ ни громови“ се слуша како зборува: „Алелуја, зашто владее нашиот семоќен Господ Бог!“ (Откровение 19,6)….

ВРЕМЕТО И ЗНАЦИТЕ

Ви ја препорачуваме книгата „Времето и знаците“ за дополнително лично проучување

Pin It on Pinterest