(продолжува од претходниот ден) Придржувајќи се кон своето правило Божјата реч да ја зема за нејзин сопствен толкувач, Милер пронашол дека во пророчките симболи еден ден претставува една година (4. Мојсеева 14,34; Езекил 4,6). Потоа увидел дека временскиот отсек од две илјади и триста пророчки дни или буквални години далеку го надминува времето на милоста одредено за Евреите и, според тоа, не се однесува на чистењето на еврејското земно Светилиште. Милер се придржувал кон општо прифатеното мислење дека во христијанската ера земјата е светиња (Светилиште) и затоа заклучил дека очистувањето на Светилиштето, преткажано во Даниел 8,14, значи очистување на земјата со оган при второто Христово доаѓање. Кога би се пронашла вистинската појдовна точка за овие две илјади и триста дни, тогаш, заклучил тој, лесно би можело да се одреди и времето на второто Христово доаѓање. На тој начин би се открило времето на оној голем крај, времето кога ќе заврши сегашната состојба „со сета своја горделивост и сила, со сиот сјај и суета, со безбожноста и со насилството“, и кога „ќе се одземе проклетсвото од земјата, а смртта ќе биде уништена; кога ќе им се даде награда на твоите слуги, пророците, и на светите, и на оние што го страхопочитуваат твоето име, и кога ќе бидат погубени оние што ја уништија земјата“ (Bliss, page 76).

Милер продолжил да ги истражува пророштвата со нова и со уште поголема сериозност, и посветил цели денови и ноќи на проучување на она што му се чинело дека има голема важност и особено значење. Во осмата глава на пророк Даниел не можел да ја пронајде појдовната точка за оние две илјади и триста дни. Иако ангелот Гаврил добил налог да му го објасни на Даниел видението, сепак, само делумно му го објаснил. Кога пророкот го гледал страшното прогонство што ќе ја снајде црквата, ја загубил телесната сила. Не можел да издржи повеќе и ангелот го оставил за извесно време. „Јас, Даниел, истоштен, бев болен неколку дена. …Се чудев на тоа видение и не го разбрав“ (Даниел 8,27).

Но Бог му заповедал на својот пратеник: „Гавриле, објасни му го видението!“ Оваа заповед морала да се изврши и затоа ангелот подоцна се вратил кај Даниел и му рекол: „Даниел, еве ме: дојдов да те поучам.“ „Внимавај добро на речта, сфати го видението“ (Даниел 9,22.23). Во споменатото видение во осмата глава останала необјаснета само една точка, и тоа отсекот од 2300 дни; затоа ангелот, кога се вратил, се задржал исклучиво на прашањето на времето:

„Седумдесет седмици му се одредени на твојот народ и на твојот свет град… Знај и разбери: Од часот кога ќе излезе заповедта: Шематски приказ на пророчкото време од 2300 дни – години. Помазаник, се седум седмици, и шеесет и две седмици, и повторно ќе бидат изградени улиците и ѕидовите и тоа во тешко време. И по тие шеесет и две седмици ќе биде погубен Помазаникот, но не за себе… И ќе склучи сојуз со мнозина за една седмица, а во половината на седмицата ќе престанат жртвата и приносот“ (Даниел 9,24­27).

Ангелот е пратен кај Даниел со посебна цел да му го објасни она што не го сфатил од видението во осмата глава, а тоа е извештајот во врска со времето: „Уште две илјади и триста вечери и утра; тогаш светињата ќе се очисти.“ Откако ангелот го повикал Даниела: „Внимавај добро на речта, сфати го видението“, продолжил: „Седумдесет седмици му се одредени на твојот народ и на твојот свет град.“ Зборот „одредени“, значи буквално „отсечени“. Ангелот разјаснува дека седум десетте седмици, што значи 490 години, се отсечени и дека се однесуваат само на Евреите. Но од што биле тие отсечени? Бидејќи периодот од 2300 денови е единствен период што се споменува во осмата глава, седумдесетте седмици морале да бидат отсечени од тој период. Тоа значи дека седум десетте седмици се дел на тие 2300 дни и дека тие два дела почнуваат во исто време. Според разјаснувањето на ангелот, седумдесетте седмици морале да почнат во мигот кога ќе се издаде заповед Ерусалим пак да се изгради. Кога би можел да се утврди датумот на оваа заповед, тогаш би се нашла појдовната точка на големиот временски отсек од 2300 дни.

Оваа заповед се наоѓа во седмата глава на книгата Ездра (Ездра 7,12­26). Персискиот цар Артаксеркс овој декрет во неговиот конечен облик го издал 457­ та година пред Христа. Во Ездра 6,14 се кажува дека домот Господен во Ерусалим бил изграден „по заповед на персиските цареви Кир, Дариј и Артаксеркс“. Овие три цара го издале, го потврдиле и го надополниле декретот, така што тој декрет, според пророштвото, ја означувал појдовната точка на 2300­ та дни. Ако како време на негово издавање се земе 457­ та година пред Христа, кога декретот бил надополнет, се гледа дека се исполнила секоја подробност на пророштвото во врска со седумдесетте седмици.

„Од часот кога ќе излезе заповед: ‘Нека се вратат и пак нека го изградат Ерусалим’, па до Кнезот Помазаник, се седум седмици, и шеесет и две седмици“, односно шеесет и девет седмици или 483 години. Заповедта на Артаксеркс стапила во сила есента 457­ та година пред Христа. Ако овие 483 години се сметаат за појдовна точка, тогаш тие се протегаат до 27­ та година по Христа. Во тоа време пророштвото се исполнило. Зборот „Месија“ значи „Помазаник“ или „Христос“. Есента 27 ­та година Јован го крстил Христа, и Христос примил помазание од Светиот Дух. Апостол Петар сведочи дека Исуса од Назарет „Бог го помаза со Светиот Дух и со сила“ (Дела 10,38). И Спасителот сам вели: „Духот на Господа е врз мене, зашто ме помаза и ме прати да им донесам радосна вест на бедните“ (Лука 4,18). Откако Исус се крстил, пошол во Галилеја „проповедајќи го Божјето евангелие и зборуваше: ‘Времето се исполни’“ (Марко 1,14.15). (продолжува)

Pin It on Pinterest