
Библиски стих на денот
36 Зашто, што му користи на човекот, ако го добие целиот свет, а на својата душа ѝ напакости!
(Марко 8:36 ; Библија)
Мојот живот денес
13 ноември – ОДЕЊЕ ПО ПАТЕКАТА НА НЕБЕСНАТА СВЕТЛИНА
(8 – 14 ноември: Победа во судир со злото)
„Испрати ги Својата светлина и вистина: нека ме водат нека ме одведат во Твојата Света Гора, во Твоите живеалишта.“ (Псалм 43:3; Библија)
Во овие денови на многу опасности мораме да бидеме посебно внимателни за да не се случи да ги отфрлиме зраците на светлина коишто небото преку својата милост ни ги праќа, затоа што благодарејќи само на таа светлина ќе можеме да ги препознаеме и разоткриеме лукавствата на непријателот…
Библиско поглавје на денот
Битие 1
1 Во почеток Бог ги создаде небото и земјата. 2 Земјата беше пуста и празна; темнината се простираше над бездната, и Божјиот Дух се движеше над водите. 3 И Бог рече: „Нека биде светлина!” И бидна светлина. 4 И Бог виде дека светлината е добра; и Бог ја оддели светлината од темнината. 5 Бог ја нарече светлината ден, а темнината ја нарече ноќ. И бидна вечер, па утро – прв ден. 6 И Бог рече: „Нека биде свод среде водите, да ги дели водите од води!” 7 Бог направи свод, и ги оддели водите под сводот од водите над сводот. И бидна така. 8 А Бог го нарече сводот небо. И бидна вечер, па утро – втор ден. 9 И Бог рече: „Нека се соберат на едно место водите под небото, и нека се покаже копно!” И бидна така. 10 Бог го нарече копното земја, а собраните води мориња. И Бог виде дека е добро. 11 И Бог рече: „Нека изникне земјата со зеленило – со семеносна трева, со плодоносно дрво, кое – секое според својот вид – ќе донесува на земјата плод, што го носи своето семе во себе!” И бидна така. 12 И никна од земјата зеленило, трева што се осеменува, секоја според својот вид, и плодоносно дрво што раѓа плод, што го носи своето семе во себе, според својот вид. И Бог виде дека е добро. 13 И бидна вечер, па утро – трет ден. 14 И Бог рече: „Нека бидат светила на небесниот свод, за да го делат денот од ноќта, нека бидат за знаци, и за времињата, и за деновите и годините, 15 и нека бидат за светила на небесниот свод за да ја осветлуваат земјата!” И бидна така. 16 И Бог направи две големи светила, поголемото да владее над денот, а помалото да владее над ноќта – и ѕвездите. 17 И Бог ги постави на небесниот свод да ја осветлуваат земјата, 18 да владеат над денот и ноќта и да ја одделуваат светлината од темнината. И Бог виде дека е добро. 19 И бидна вечер, па утро – четврти ден. 20 И Бог рече: „Нека обилуваат водите со живи суштества; и птици нека летнат над земјата, по небесниот свод!” 21 Бог создаде морски чудовишта и секакви живи суштества, што ползат и се движат по водите и крилати птици од секаков вид. И Бог виде дека е добро. 22 И ги благослови Бог – велејќи: „Плодете се и множете се и наполнете ги морските води! И птиците нека се размножат по земјата!” 23 И бидна вечер, па утро – петти ден. 24 И Бог рече: „Земјата нека произведе живи суштества, секое според неговиот вид: добиток, лазачи и земни ѕверови според нивниот вид!” И бидна така. 25 И Бог направи земни ѕверови според нивниот вид, и добиток според неговиот вид, и сите лазачи на земјата според нивниот вид. И Бог виде дека е добро. 26 И Бог рече: „Да направиме човек во Нашиот лик, според Нашата сличност, и нека владеат над морските риби, над небесните птици и над добитокот – над сета земја – и над сите лазачи што ползат по земјата!” 27 Бог го создаде човекот во Својот лик, Тој го создаде во Божјиот лик; ги создаде машко и женско. 28 И Бог ги благослови и им рече Бог: „Плодете се и множете се и наполнете ја земјата, и потчинете ја! Владејте над рибите во морето и над птиците во воздухот и над сите живи суштества што лазат по земјата!” 29 И Бог рече: „Еве, ви ги давам сите треви, што се осеменуваат, по целата земја, и секое плодоносно дрво, што го носи своето семе во себе: нека ви биде за храна! 30 А на сите ѕверови земни и на сите птици во воздухот и на сите лазачи што ползат по земјата, во кои е здивот на животот – нека им е за храна сето зелено билје!” И бидна така. 31 И Бог виде сè што направи, и ете, беше многу добро. И бидна вечер, па утро – шести ден.
Наша препорака е да се читаат барем по неколку поглавја дневно од Библијата, по ваш сопствен избор. Доколку сè уште не сте почнале да ја читате Библијата плански – ви предложуваме тоа да го почнете уште денес. Кликнете овде за да го изберете планот кој вам најмногу би ви одговарал.
Видео на денот
Давид Ашерик – Добар Бог?
Песна на денот
Кликнете тука за текстот на песната
He Who Began a Good Work in You – Christian Berdahl
He who began a good work in you
He who began a good work in you
Will be faithful to complete it
He’ll be faithful to complete it
He who started the work
Will be faithful to complete it in you
If the struggle you’re facing
Is slowly replacing
Your hope with despair
Or the process is long
And you’re losing your song in the night
You can be sure
That the Lord has His hand on you
Safe and secure
He will never abandon you
You are His treasure
And He finds His treasure in you
He who began a good work in you
He who began a good work in you
Will be faithful to complete it
He’ll be faithful to complete it
He who started the work
Will be faithful to complete it in you
Цитат на денот
Мој Исус, мој Господ
Под водство на учителите од синагогата младите учеле безброј правила, зашто се очекувало како правоверни Израелци да ги почитуваат. Меѓутоа, Исуса ова не го интересирало. Уште од своето детство дејствувал независно од рабинските закони. Постојано ги проучувал списите на Стариот завет и на неговите усни постојано биле зборовите: „Така кажува Господ!“
Благодат врз благодат
14. Тој ја обавува својата служба, а ние соработуваме
„Освен тоа, на десеттиот ден на тој месец се паѓа Денот на Очистувањето – имајте свето собрание; смирете ги вашите души… Никаква работа не работите во тој ден; зашто тоа е Ден на Очистување, за да ве очисти вас пред Господа, вашиот Бог.“ (Левит 23:27-28 ; Библија)
Во „сликата на првата“ служба на земното светилиште, еднаш годишно доаѓал крај на низата обреди. Чистењето на светилиштето било завршеток на оваа сликовита, годишна служба, со која се чистело светилиштето „од нечистотиите на синовите израелски и нивните престапи во сите нивни гревови.“ (Левит 16:16). …
Денешни молитвени предлози
Чучер-Сандево
Да се молиме за сите луѓе кои живеат во општина Чучер-Сандево, за да не ја одбиваат Божјата благодат и да се обратат кон Вистината.
Утринско проучување и молитва
Да се молиме на Бог да ни помогне да се будиме порано наутро за да поминуваме време во читање на Божјото слово – Библијата и да се посветуваме на Бога во молитва. Да ни помогне да ја отфрлиме летаргијата и да бидеме доследни во таа одлука, со Божја сила.
„Со душата своја се стремиме кон Тебе ноќе, и со духот свој ќе Те бараме искрено од рани зори; зашто, кога Твоите пресуди се извршуваат на земјата, тогаш жителите на светот се учат на правда.“
(Исаија 26:9 ; Библија)
„Наутро го слушаш мојот глас; о Господи! Наутро ја испраќам мојата молитва кон Тебе и чекам.“
(Псалм 5:3 ; Библија)
Благодарност
Да благодариме бидејќи независно од околностите и од препреките со кои се соочуваме, секогаш можеме да имаме мир во Исус.
„Ова ви го реков, за да имате мир во Мене. Имате неволја во светот; но бидете храбри – Јас го победив светот.”
(Јован 16:33 ; БИблија
Божји созданија
Копнежот на вековите
КОПНЕЖОТ НА ВЕКОВИТЕ – 13 ноември – „Иде твојот цар“ (четврти дел)

…Исус не плачел поради страдањата што го чекале. Пред него се наоѓала Гетсиманија, каде што наскоро ќе го покрие ужасна темнина. На повидок исто така била овчата врата низ која со векови ги воделе животните за жртва. Наскоро оваа врата ќе се отвори пред него како пред вистинско Јагне на чија што жртва за гревовите на светот укажувале сите овие жртви. Во близина била Голгота, место на неговите смртни маки што се приближувале…
УБАВИНАТА НА ПОНИЗНОСТА
Горделивите луѓе полни со самите себеси се брзи во обвинување на другите за настанатите проблеми.
Понизните и несебични луѓе брзо ја прифаќаат личната одговорност за настанатите проблеми.
„ … а сите, пак, покорувајте се еден на друг и здобијте се со понизност, бидејќи „Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.”
(1 Петрово 5:5 ; Библија)
ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ НА ДЕНОТ
СИЛА КОЈА ВОЗДИГНУВА
Библијата ни кажува дека Бог може да нѐ издигне и да се грижи за нас под секакви околности. „И така, понизете се под силната Божја рака, за да ве возвиши во право време.“ (1 Петрово 5:6; Библија). Не постои ситуација премногу тешка, нема суд премногу голем, нема проблем премногу сложен, низ кои Господ Бог не може да ве пренесе. Божјите ангели ги надминуваат силата и вештината на сѐ што можете да си замислите, па и на вилинските коњчиња. Ангелите брзо се забрзуваат при нашиот повик и Божјата заповед да ни помогнат…
Комплетно здравје
Запознајте се со различните видови на дијабетес

Во време во коешто постои епидемија од болеста дијабетес, добро е да се знаат неколку информации плус за оваа болест и за тоа колку видови на дијабетес постојат и како тие се разликуваат меѓусебно…
Божјите ветувања
5 Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја моли од Бога, Кој им дава на сите изобилно и без укор – и ќе му се даде.
(Јаков 1:5 ; Библија)
Големата Борба
ГОЛЕМАТА БОРБА – Светлост во темнина (четврти дел)
…Господ рекол: „Мојот народ не ќе се засрами никогаш веќе“ (Јоил 2,26). „Плачот трае преку ноќта, но радоста иде со зората“ (Псалм 30,5). Учениците го сретнале Спасителот на денот на неговото воскресение и во нив гореле срцата слушајќи ги неговите зборови; ја виделе неговата глава, неговите раце и нозе, кои биле ранети за нив; пред своето вознесение на небото, Исус ги повел кон Витанија и, подигајќи ја раката да ги благослови, им наредил: „Одете по сиот свет и проповедајте му го евангелието на секое создание“, и потоа додал: „Јас сум со вас во сите дни до крајот на светот“ (Марко 16,15; Матеј 28,20)…