…(Исус) му рече: „Оди дома при своите, и раскажи им што ти направи Господ и како ти се смилува!”
(Марко 5:19 ; Библија)

Затоа и ние, имајќи околу себе толкав облак сведоци, да ги положиме настрана: секое бреме и гревот кој нè сплеткува лесно и да трчаме со трпение на трката што ни е поставена пред нас;
(Евреите 12:1 ; Библија)

Зашто, јас не се срамам од Евангелието, бидејќи тоа е Божја сила за спасение на секој кој верува,… Зашто во него се открива Божјата правда, од вера во вера, како што е напишано: „Праведникот ќе живее од верата.”
(Римјаните 1:16-17 ; Библија)

А јас сум далеку од тоа да се фалам со нешто друго, освен во крстот на нашиот Господ Исус Христос, преку Кого светот е распнат за мене и јас за светот!
(Галатјаните 6:14 ; Библија)

Тогаш Исус им се приближи и им рече: „Дадена Ми е сета власт на небото и на земјата. Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат сè што Сум ви заповедал! И еве, Јас Сум со вас во сите дни до свршетокот на светот. Амин!”
(Матеј 28-18-19 ; Библија)

И ова Евангелие за Царството ќе биде проповедано по целиот свет, за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде свршетокот.”
(Матеј 24:14 ; Библија)

БЕГСТВО КОН БОГА

Вистинска приказна за една фамилија која ja напуштила трката на современиот живот и се посветила на потрагата за исконската духовност и едноставниот живот. „Бегство кон Бога“ е книга која говори за очајната потреба и трагањето по Божјото присуство. Авторот во желба да пронајде автентично христијанство, со својата фамилија одлучуваат да се преселат во дивината, во близина на националниот парк Глеишер, на границата помеѓу САД и Канада. Овде, во недопрената природа, тие добиваат појасно спознавање на Божјата љубов и се навикнуваат да го слушаат Неговиот глас во секојдневните ситуации.

Како резултат на повеќегодишното градење на вера и одење со Бога, Џим и неговото семејство почнуваат да ги делат своите богати искуства кои ги стекнале, со луѓето кои ги среќаваат. Тоа подоцна прераснува во систематско подучување и држење семинари по целиот свет.

Според нас (членовите од тимот на БЛАГОДАТ И ВИСТИНА) ова е една од најинспиративните книги кои сме ја прочитале. Најголеми препораки на сите оние кои се во потрага по автентичен, длабоко осмислен христијански живот. Сигурни сме дека оваа книга нема да ве остави рамнодушни и дека како што ја читате кај вас ќе се појави силна жед и глад за постојаното Божјо присуство во вашиот живот, за силната, жива заедница и двострана комуникација со Бог. Додека читате не само што ќе бидете воодушевени од извонредните сведоштва, туку и со сигурност ќе бидете поттикнати на акција, станувајќи свесни дека сувопарната религиозна формалност не само што не е доволна, туку и исцрпува до истоштување. Тоа пак ќе ве доведе до состојба да превземете многу од практичните чекори на кои ќе наидете читајќи за искуствата кои Џим и неговото семејство ги доживеале. Веруваме дека ќе „побегнете кон Бога“ и дека ќе ја искусите слободата за која никогаш не сте ни знаеле, слобода преку целосно покорување на Христа. А тогаш со сигурност ќе ја снема вашата „независност“ која ве водела кон чувство на празнина, вина и бледеење на сликата за вистинската смисла на животот.

 

ИСКУСТВА ОД МИСИОНСКИ АКТИВНОСТИ
ШИРУМ СВЕТОТ

.

Господ Исус Христос при крајот на својата служба на земјата изјавил: „И ова Евангелие за Царството ќе биде проповедано по целиот свет, за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде свршетокот.“ (Матеј 24:14 ; Библија) Така и се случило. Веднаш после Исусовото вознесение на небото, апостолите и нивните ученици започнале масовно да го проповедаат Евангелието по целиот свет. Тој процес продолжил низ вековите, па сè до ден денес. Сето тоа придонело за милијарди луѓе низ историјата, од сите страни на светот да бидат осведочени за Вистината. Искуството кое го имале христијаните, кои го проповедале Еванелието, било различно и зависело од општествените, политичките, културолошките, религиозните… прилики во местата каде што се проповедало. Додека на едни места Евангелието било масовно прифаќано од луѓето, без никакви попречувања и проблеми, на други места било забранувано неговото ширење, а оние кои ќе биделе фатени завршувале во затвор или дури биле осудени на смрт.
Во оваа рубрика можете да прочитате инспиративни текстови од искуства кои ги стекнале верници шурим светот, додека го ширеле Евангелието. Веруваме дека додека читате како Бог ги водел овие луѓе, кај вас ќе се засили желбата активно да се вклучите во извршувањето на налогот што го дал самиот Исус – проповедање на Евангелието на секое создание.

Pin It on Pinterest