За љубовта

1 Ако ги зборувам човечките и ангелските јазици, а љубов немам – тогаш сум бронза што ѕвони, или кимвал што ѕвечи. 2 И ако имам дар за пророкување, и да ги знам сите тајни и сите знаења; и ако ја имам сета вера, така што да преместува и планини, а љубов немам – ништо не сум.3 И ако го раздадам целиот свој имот, за да ги нахранам бедните; и ако го предадам своето тело, да биде изгорено, а љубов немам, ништо не ми ползува.

4 Љубовта долго трпи, љубовта е милостива, лубовта не завидува, не се фали, не се вообразува; 5 не се однесува непристојно, не го бара своето, не се раздразнува. Не држи сметка за зло; 6 не и се радува на неправдата, а и се радува на вистината; 7 сè премолчува, сè верува, на сè се надева, сè трпи. 8 Љубовта никогаш не престанува…

(1-во Коринтјаните 13:1-8 ; Библија)

За влегувањето во врска

Бог ви дал време кога не треба да бидете во врска. Tоа е еден период од животот кој е неспоредлив во својот потенцијал за изградување, раст, стекнување мудрост и знаење и оформување на карактерот преку помагање на другите. Често пати, младите наместо да се радуваат на ова време кое им е дадено за раст, нетрпеливо избрзуваат и посегнуваат по тоа време за истото да го употребат за врска. Исходот од тоа најчесто е уназадување. Ако ги анализирате врските кои прерано започнале или се од погрешни мотиви, ќе видите какви лоши последици оставиле зад себе. Сценаријата би биле сосема поинакви доколку истите тие личности одлучиле да бидат сами во времето кога требало да се изградуваат.

Кај младите кои се свесни дека е прерано за врска, а сепак се одлучуваат на тој чекор, доаѓа до појава на незадоволство и чувство на вина, поради фактот дека ја злоупотребиле дадената слобода на избор.  Често пати, младите кои се во врска во времето во кое треба да се развиваат како сингл, во суштина, на врската гледаат како на средство за да најдат утеха од незадоволствата и фрустрациите низ кои поминуваат. Меѓутоа, влегувањето во врска не само што не ги решава тие проблеми, туку уште повеќе ги закомплицирува.

Подготовка за брак

Една од најголемите одлуки кои треба да ги донесете во својот живот е одлуката за кого да се венчате.  Вашиот брак ќе ве поврзе со друго човечко суштество, така што повеќе нема да бидете две, туку едно тело. Вашиот брак ќе го одреди таткото/мајката на вашите идни деца. Таа личност може да ви донесе доживотна радост или доживотна мака, може да ве приближи или да ве оддалечи од Бога.

Прашањето не е, колку ќе бидеме возбудени од венчавката која ќе ја подготвуваме или колку другите очекуваат од мене да се венчам, туку вистинското прашање е: „Дали сме подготвени да се грижиме, да се жртвуваме, и да се сакаме еден со друг и во добрите и во лошите времиња?“ „Дали веруваме дека би го прославиле Бога повеќе како пар отколку како индивидуи?“ „Дали навистина сме подготвени за ’ЗАСЕКОГАШ’?“

Многу  луѓе се несреќно венчани бидејќи не си ги поставиле овие важни прашања. Наместо трезвено да ги анализирааат нивните врски, тие се понесени од возбудата на моментот. Ја игнорирале реалноста кога биле во врска, а потоа остатокот од бракот го поминуваат во фрустрации и поплаки.

Времето за врска е време кога треба да бидеме најмногу будни, со очите широко отворени. Тоа значи дека пред да го кажеме судбоносното „ДА“, мораме разумно и чесно да се преиспитаме себе си, другата личност и нашата заедничка врска.

5-те јазици на љубовта

Дали зборувате со истиот јазик на љубовта со кој зборува вашиот брачен партнер?

Ако љубовта ја изразувате на начин кој вашиот/та сопруг/а не го разбира, тој/таа нема ниту да сфати дека сте му/ѝ изразиле љубов. Проблемот е во тоа што секој од нас на различен начин ги пренесува пораките на љубовта и во тоа што секој од нас на различен начин ги прима и разбира.

Можеби вашиот сопруг од вас сака да слушне некој збор на охрабрување и пофалба, а вие мислите дека ќе го орасположите со вкусно зготвена вечера. Па ако после вечерата останува нерасположен и намуртен, можеби ќе помислите дека не ве сака. Или можеби вашата сопруга сака да помине некое квалитетно, посветено време со вас, далеку од децата и телевизорот, па така, цвеќето кое сте ѝ го донеле не остава никаков впечаток на нејзе, едноставно не ѝ кажува дека ви е дојдено до нејзе, дека ја сакате.

Затоа, крајно време е, доколку сакате да ја сочувате и распламтите љубовта во својот брак, да откриете со кој јазик на љубовта зборува вашиот/та сопруг/а и на тој негов/незјин примарен јазик да му/ѝ се обратите. Одвојуваме пет примарни јазици на љубовта кои се надеваме ќе ви помогнат својот брак да го претворите во она што од самиот почеток е замислен да биде – преддворје на небото овде на земјата; вашиот брак да биде островот на љубовта, разбирањето и среќата.

Предизвик на љубовта

Светото Писмо вели дека Бог го осмислил и го создал бракот како нешто добро. Тој е прекрасен и непроценлив дар. Бог го употребува бракот да ни помогне да ја избегнеме осаменоста, да ги зголемиме своите способности, да основаме семејство, да воспитуваме деца, да уживаме во животот и да нѐ благослови со близината во односите. Но освен тоа, бракот ни укажува и на нашата потреба да напредуваме и да се соочиме со личните проблеми и личната себичност, со помош на нашиот животен партнер. Ако сме подготвени да учиме, ќе го научиме она што е најважно во бракот – да сакаме. Оваа цврста заедница ни пружа можност да научиме безусловно да ја сакаме другата несовршена личност.

За сите оние кои сакаат да се борат за својот брак, следува серија од предизвици, кои доколку успеете да ги исполните, ќе ви донесат неверојатна промена во вашиот брак. Овие предизвици се тежок процес, но истовремено е процес кој нуди неверојатно задоволство. За прифаќање на овој „Предизвик на љубовта“ потребна е одлучност и непоколебливост.

Тоа не треба да се сфати како проба или краток тест, и оние кои брзо се откажуваат ќе останат без неговите главни предности. Ако му се посветите на овој процес секој ден, неговиот исход ќе го промени вашиот живот и вашиот брак. Сметајте го ова за предизвик кој ви го упатуваат оние кои тоа го искусиле пред вас и кои ги уживаат резултатите од него.

Pin It on Pinterest