Твоето слово е светилка на мојата нога и светлина на мојата патека.
(Псалм 119:105 ; Библија)

А Тој (Исус) им одговори и рече: „Мојата мајка и Моите браќа се оние што го слушаат словото Божјо и го исполнуваат.”
(Лука 11:21 ; Библија)

Посвети ги со Својата вистина. Твоето слово е вистина.
(Јован 17:17 ; Библија)

Целото Писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата, за да биде Божјиот човек совршено подготвен за секое добро дело.
(2 Тимотеј 3:16-17 ; Библија)

Библијата во електронски формат

Никогаш порано низ историјата не било толку лесно да се дојде до Библијата, како што е тоа денес. Потребни се само неколку кликови на вашиот компјутер или мобилен телефон и Библијата ќе биде отворена пред вашите очи. Ние од БЛАГОДАТ И ВИСТИНА премногу го цениме тој благослов, кој е резултат на развојот на технологијата. Меѓутоа истовремено сметаме дека читањето на Библијата во книжен формат има свои предности. Од таа причина на секого од вас му препорачуваме, да си набави сопствена Библија во книжен формат, доколку немате.

Планско читање на Библијата

Практично секој христијанин во одреден момент решил да ја прочита цела Библија. Ако верувате дека Библијата е Божји збор упатен до луѓето, природно е да не сакате да пропуштите ништо од она што е напишано внатре. Ако во вашето поштенско сандаче добиете писмо од Бог, сугурно ќе го прочитате. Но, Библијата е прилично големо писмо, што за некои изгледа дури застрашувачки. Од таа причина, голем дел од христијаните ја немаат прочитано целата Библија, од почеток до крај. Но, тоа не мора да биде случај и со вас. Ви претставуваме разработени планови за читање на Библијата кои им помогнале на милиони луѓе да ја прочитаат Библијата, и не само еднаш, туку многу пати, преку секојдневно, планско читање. Одберете го планот кој вам најмногу ви одговара и уште денес започнете со планско читање на Библијатa. Доколку остнете дисциплинирани и се придржувате до планот кој ќе го изберете, веруваме дека наскоро ќе им се придружите на милиони други христијани ширум светот, во воскликнување со зборовите на псалмистот: „Колку се слатки на моето непце Твоите зборови, послатки се од мед во мојата уста.“ (Псалм 119:103).

Учење на Библиски стихови на памет

Исус рекол: „Ако останете во Мене и ако Моите зборови останат во вас, барајте што и да посакате, и ќе ви биде.“ (Јован 15:7 ; Библија) Да ги имаме Исусовите зборови во нас значи дека тие играат централна улога во нашиот живот. Но, тоа не е случај само со зборовите кои Исус ги изговорил, туку и со целиот Божји Збор – Библијата. Тоа значи постојано да го читаме Божјиот Збор, да размислуваме и да се молиме за она што го читаме и да му дозволиме на Бог да ни помага да живееме во склад со тоа. Но постои и уште еден многу важен аспект кој се однесува на тоа Исусовите зброви да „останат во нас“ – учењето на Библиските стихови на памет. Еден од најважните аспекти на еврејското образование во минатото, било учење на Божјите зборови на памет. Историјата ни потврдува дека и многу други христијани низ историјата го применувале ова начело. Со сигурност знаеме дека таков бил случајот со Валденжаните, кои напамет учеле големи делови од Библијата. Користејќи ги овие принципи тие се обиделе да ги втиснат Божјите зборови во срцата на младите. Од најраното детство младината била запозната со Библијата и била поучувана да го сметаат за свет Библискиот текст. Копии на Библијата биле реткост, па според тоа им останувало нејзините драгоцени зборови да ги учат напамет – „да ја поседуваат Библијата внатре во себе“. Мнозина биле во можност да рецитираат големи делови од Стариот и од Новиот Завет. Не е ни чудо што овие мажи, жени и деца биле духовни џинови. Божјиот Збор бил врежан во нивните срца и умови и тоа им давало сила да останат верни на Бога, дури и во најтешките ситуации низ кои поминале.

Pin It on Pinterest