„Нема среќа за тој што гревовите си ги прикрива, а оној што ги исповеда и ги напушта, ќе биде помилуван“ (Мудри изреки 28,13). Оние што ги кријат и ги оправдуваат своите грешки кога би можеле да видат колку се радува сатаната за тоа, како му се подбива на Христа и на светите укажувајќи на нивните по стапки, би побрзале да ги признаат своите гревови и да ги отфрлат. Сатаната се обидува со помош на маните на нивниот карактер да завладее со целото суштество и знае дека ќе успее во тоа ако тие ги негуваат присутните мани. Затоа постојано се труди да ги измами Христовите следбеници со своето кобно лукавство, тврдејќи им дека не можат да го победат злото. Но за нив Исус посредува со своите ранети раце и скршено тело и му кажува секому што сака да го следи: „Доста ти е мојата милост“ (2. Коринќаните 12,9). „Земете го мојот јарем на себе и научете се од мене, зашто јас сум кроток и понизен по срце; а вие ќе најдете починка за своите души, зашто мојот јарем е под нослив и мојот товар е лесен“ (Матеј 11,29.30). Затоа никој нека не мисли дека неговите мани се неизлечливи. Бог ќе ни даде вера и милост да ги победиме.

Ние сега живееме во времето на големиот Ден на помирување. Во симболичката служба на Стариот завет, додека поглаварот свештенички вршел обред на помирување за Израелците, сите морале да „ги мачат своите души“ со исповедање на гревовите и покајнички да излезат пред Господа за да не бидат истребени од народот. На ист начин сите што сакаат нивните имиња да останат во книгата на животот треба сега, во овие уште неколку преостанати дни од времето на милоста што им е дадено, да се понизат пред Бога жалејќи поради гревот со искрено покајание. Тие мораат длабоко и свесно да ги испитуваат своите срца. Мораат да го отфрлат лакомството и суетниот дух на кого му се предале многу христијани. Сите што сакаат да ги победат лошите наклоности што настојуваат да завладеат со нив, ги чека уште тешка борба. Подготовката е лична работа. Ние нема да бидеме спасени групно. Побожноста и чистотата на едни не можат да ги надоместат овие доблести кај други. Иако сите народи мораат да дојдат на суд пред Бога, Тој сепак, случајот на секој поединец ќе го испита со таква точност како да не постои ниту едно друго суштество на земјата. Секој ќе биде испитан и ќе мора да биде пронајден без мана и дамки.

Настаните што се поврзани со завршното дело на чистење се мошне свечени. Фактите во врска со нив имаат пресудно значење. Сега заседава судот во небесното Светилиште. Многу години веќе се извршува ова дело. Наскоро никој не знае кога ќе се премине на случаите на живите. Нашиот живот ќе се испитува во свето присуство на Бога. Во ова време, повеќе од кога и да е, секоја душа треба да ја прифати опомената на Спасителот: „Бдејте и молете се, зашто не знаете кога ќе биде времето“ (Марко 13,33). „И така, ако не се разбудиш, ќе дојдам како крадец и нема да знаеш во кој час ќе ти дојдам“ (Откровение 3,3).

А кога ќе заврши истражниот суд, тогаш судбината на сите ќе биде запечатена за живот или за смрт. Времето на милоста ќе помине кратко пред доаѓањето на Спасителот на небесните облаци. Во Откровението Христос ни зборува мислејќи на ова време: „Оној кој врши неправда, нека врши уште неправда; и кој е осквернет, нека се осквернува уште; и кој е праведен, нека врши уште праведност; и кој е свет, нека станува уште посвет! Ете, доаѓам скоро и наградата моја е со мене за да му дадам секому според неговото дело“ (Откровение 22,11.12).

Тогаш праведниците и грешниците уште ќе живеат на земјата во својата смртна состојба ќе сеат и ќе градат, ќе јадат и ќе пијат, несвесни дека горе во Светилиштето е изговорена по следната и неотповиклива одлука. Пред потопот, откако Ное влегол во ковчегот, Бог ја затворил вратата зад него и им оневозможил на безбожните да влезат. Уште седум дена луѓето продолжиле да живеат безгрижен и развратен живот, исмевајќи ги предупредувањата за претстојниот суд, а не знаеле дека нивната судбина веќе е решена. „Така“, кажува Спасителот, „ќе биде и при доаѓањето на Синот  човечки“ (Матеј 24,39). Тивко и незабележано, како крадец ноќе, ќе дојде судбоносниот час што ќе ја реши судбината на секој човек и засекогаш на грешните луѓе ќе им ја одземе понудената милост.

„Бдејте… за да не дојде одненадеж и да не ве најде заспани“ (Марко 13,35.36). Опасна е состојбата на оние што се умориле бдеејќи и ги прифатиле привлечностите на светот. Додека трговецот исцело е опфатен со својата трка за добивка, додека љубителот на забави бара уживања и додека ќерката на модата го става на себе својот накит Судијата на светот ќе ја изрече пресудата: „Измерен си на мерилото и се најде лесен“ (Даниел 5,27).

Pin It on Pinterest