Елена Вајт ја разбрала библиската слика на неодвоиво единство на телото, умот и духот. Таа јасно видела дека меѓусебното дејство и поврзаноста на овие три компоненти бараат секоја од нив да биде здрава, за сите тие да би можеле ефикасно да функционираат. Со други зборови, сето она што влијаело на телото исто така влијаело на умот и на духот. Ако умот не бил исполнет со адекватна храна и одмор, како и позитивни, рационални мисли, потоа телото и духот имале намалена ефикасност.
Главна грижа на Елена Вајт било влијанието кое умот или телото го имаат врз лошата здравствена состојба на духовниот живот. Таа инсистирала: „Сè што го намалува здравјето на нашата телесна сила го ослабува и умот и придонесува тој да стане помалку способен во согледувањето на разликата помеѓу доброто и злото. Ние така стануваме сè понеспособни да избереме добро и имаме сè помалку сила да го правиме она што и самите го сметаме за добро.“ (Христовите параболи, стр. 346).
Елена Вајт чекор по чекор го следела патот на развојот на нејзините здравствени принципи. Уште рано, и покрај медицинскиот свет од тоа време, била предводник во нагласувањето за опасноста од цигарите, јаките чаеви и кафето. Ова водело до принципот, заснован на визиите, кои ја нагласувале вегетаријанската исхрана, самоконтролата во конзумирање на храната, како и опасноста од скапите колачи, пити, пудинзи (со висок холестерол).
Таа исто така нагласила дека треба да се пие доста чиста вода, да се прават вежби, да се избегнуваат лекови (кои во 19-ти век биле искучително токсични), па дури и покрај вообичаената мудрост од тоа време, истакнувала дека родителите своите слабости ги пренесуваат на своите деца. Таа верувала и дека работата со раце го подобрува расположението но дека претераната работа – дури и во добри цели – освен физичкото го нарушува и менталното здравје.
Сепак, најголемо јавно влијание на некои здравствени пораки биле насочени на нејзините три основни принципи и како црквата ги применува во својата пракса:
- Работата за оние кои страдаат и кои се угнетувани било каде во светот. Адвентистите на седмиот ден ширум светот се познати по своите организации преку кои служат на општеството за време на природните катастрофи и опасности, како и во собирање на храна и облека за загрозените.
- Евангелските принципи по кои евангелизаторите и медицинскиот персонал работат заедно на јавни евангелски собири, покажувајќи важност од здружување на здравјето и духовноста. Со близок однос како рака и ракавица, овој принцип е полезен и продуктивен на сите континенти, меѓу сите луѓе.
- Принципот на спасение ја нагласува блиската поврзаност помеѓу здравјето и умот, телото и духот. Елена не се двоумела да укаже на директната врска помеѓу секојдневните навики и развојот на карактерот. Таа го поврзала доброто здравје со моралното проценување, што е принцип кој помогнал на многу илјадници благодарни читатели.
Елена Вајт и нејзиниот маж Џејмс биле активни промотери на првите здравствени институции во нивната деноминација. Светски познатиот Батл Крик Санаториум бил прв од многуте, од Масачусетс до Калифорнија, и на крајот, во многу земји ширум светот.
Денес постојат адвентистички здравствени системи од болници и клиники ширум светот, вклучувајќи го и престижното Лома Линда медицинско училиште во Калифорнија. А сето тоа настанало како резултат на тоа што Елена Вајт здраворазумски ги промовирала принципите на доброто здравје.