Еврејскиот доктор, Роберт Коен, толку бил воодушевен од советите на Елена Вајт за исхраната што објавил книга со нејзините учења под наслов „Божјиот нутриционист: Бисери на мудроста на Елена Г. Вајт“. Во предговорот на таа книга, тој вели: „Таа била нутриционист со толку современи факти како во најновите нутриционистички весници.“

Тежината на доказите во полза на исхраната заснована претежно на билките, а помалку на животинските намирници довела до промена кај главните авторитети, како што може да се види во „Нутриционизмот и вашето здравје: Насоки за исхраната на Американците“.

Овие насоки ја застапуваат билната исхрана со совет „секојдневно да бираме разновидни житарки, посебно од цело зрно“ и „секојдневна разновидност на овошје и зеленчук“.  Покрај тоа ни се кажува да „ја бираме исхраната која има намалена количина на заситени маснотии и холестерол и да е умерено масна“ како и да го ограничиме нашиот „внес на шекери“.

Науката го потврдува она што Елена зборувала пред повеќе од век и половина – дека најздравата исхрана се состои претежно од овошје, јаткасти плодови, житарки и зеленчук.

Тој ист вдахновен извор зборувал за мноштво теми. Односите, организацијата на црквата, толкувањето на Библијата, етиката, психологијата, одгледувањето на децата и воспитувањето, брачните совеувања… се само некои од нив.

Потврдата на нејзиниот дар во споменатите области треба на секого да му пружи сигурност да може да ѝ верува во областите кои не можат баш лесно да бидат докажани со помош на науката.

Pin It on Pinterest