Плодната кариера на Елена Вајт била збогатена со нејзиниот карактер. Дарежлива, љубезна и искрена, таа претставувала жив пример за христијанските вредности за кои пишувала. И покрај можностите да живее екстравагантно од хонорарот за нејзините списи, таа најголем дел од тоа го вложувала во ширење на Евангелието, подржувајќи ги финансиски црковните проекти и помагајќи на вредните студенти кои одат во христијанските училишта.

Во текот на многу години, таа и нејзиниот сопруг не земале плата, освен за неопходните трошоци за храна и облека. Низ нивниот дом поминале многу посетители, работници и потстанари, кои тие ги примиле за да им помогнат во нивните лични трошоци. Помошниците и канцелариските работници, кои биле потребни за учествување во црквените работи, како што е изаваштвото, Вајтови често ги плаќале од нивните лични фондови.   

Елена не била некаков недостапен интелектуалец. Според сите записи, таа била пријателски расположена, сопруга и жена полна со љубов, внимателна домаќинка, а ги посетувала и болните и угнетуваните. Таа добро го запознала и човечкото страдање: изгубила две деца поради болест – што било чест случај во 19-от век.

Животот на Елена Вајт бил и вообичаен – таа била сопруга, мајка, домаќинка и пријател – но и невообичаен, бидејќи таа одговорила на Божјиот повик да биде Негов гласник. Овие два аспекти  од нејзината личност биле необичо урамнотежени.

Но ништо од сето тоа, нејзините лични квалитети и постигнувања, не се доказ сами по себе за тоа дека таа поседувала пророчки дар. Иако не избрала самата да биде пророк, сепак тврдела дека добива пораки од небото. Зошто ние би верувале во тоа? Нејзините визии можеле да бидат лаги или измами, а нејзините списи можеле да бидат производ на измама.

Сè додека нејзината служба не ја провериме со помош на 10-те тестови на вистински пророк ние не можеме да знаеме дали нејзиниот дар бил вистински пророчки или вистинско лудило. Токму тоа ќе го направиме во следниот отсек.

Pin It on Pinterest