(продолжува од претходниот ден) Силно одушевен, тој ги посматра дрвјата што некогаш му создавале радост истите дрвја од кои некогаш кинел плод воденовите на својата невиност и среќа. Ги гледа лозите што ги одгледувале неговите раце, истото цвеќе што го негувал некогаш со љубов. Неговиот дух ја сфаќа сета стварност на сцените. Тој увидува дека ова навистина е обновениот Едем, само сега многу поубав отколку кога бил истеран од него. Спасителот го води кон дрвото на животот, кине прекрасен плод и му нуди да јаде. Тој гледа околу себе и забележува мноштво од своето спасено семејство во Божјиот рај. Тогаш својата сјајна круна ја полага пред Исусовите нозе и, фрлајќи се на неговите гради, го прегрнува Откупителот. Тој ја зема во раце златната харфа и низ небесниот свод се ори победоносна песна: „Достојно, достојно, достојно е Јагнето што е заклано, и пак живее!“ Адамовото семејство ја прифаќа мелодијата и, полагајќи ги своите круни пред нозете на Спасителот, сите се поклонуваат пред него, оддавајќи му слава.

Ова повторно соединување го посматраат ангелите кои плачеле кога Адам паднал и се радувале кога Исус, по своето воскресение, се вознел на небото, отворајќи излез од гробот за сите што ќе веруваат во него. Сега тие го гледаат делото на спасението довршено и своите гласови ги соединуваат во песна на благодарност.

На кристалното море пред престолот на стакленото море, кое во толкава мера ја одблеснува Божјата слава, што се чини како од него да пламти оган собрано е мноштво на оние „што го победија ѕверот и неговата икона, неговиот жиг и бројот на неговото име“. Сто четириесет и четири илјади, кои се откупени од луѓето, стојат на гората Сион со Јагнето, „имајќ и Божји харфи“; и „како бучава на силни води, како татнеж на силна грмотевица“, се слуша „глас на харфи сти што свират на харфи“. Тие „пееја нова песна“ пред престолот, песна што не може никој да ја научи, освен оние сто четириесет и четири илјади. Тоа е песната на Мојсеја и на Јагнето, песна на ослободувањето. Никој, освен оние сто четириесет и четири илјади не може да ја научи таа песна, зашто во неа се внесени нивните искуства такви искуства какви што немала ниту една друга група. „Тие го придружуваат Јагнето секаде каде што ќе појде.“ Земени од земјата меѓу живите, тие се сметаат како „првенци на Бога и на Јагнето“ (Откровение 15,2.3; 14,1-5). „Тие дојдоа од големата неволја“; тие поминале низ времето на страдање какво што никогаш не постоело на земјата откако постојат луѓе; го вкусиле стравот на маките на Јакова. За време не последното излевање на Божјите судови биле без посредник. Но тие се ослободени, зашто „својата облека ја испраа и ја избелија во крвта на Јагнето“. „Во нивната уста не се најде лага; тие се непорочни“ (Откровение 14,5). „Затоа се пред Божјиот престол и му служат дење и ноќе во неговиот храм; а Оној што седи на престолот, ќе слезе и ќе живее меѓу нив.“ Тие ја виделе земјата опустена со глад, со чума и сонцето кое ги печело луѓето со силна жега, а и самите претрпеле страдања, глад и жед. Но „нема веќе да огладнат, ниту да ожеднат, ниту сонцето ќе ги пече, ниту, пак, некаква жега, зашто Јагнето, кое е среде престолот, ќе ги пасе и ќе ги води на извори на жива вода, а Бог ќе избрише секоја солза од нивните очи“ (Откровение 7,14-17).

Во сите времиња избраниците на Спасителот биле воспитувани и поучувани во школа на неволји. Тие на земјата оделе по тесна патека. Се исчистиле во печката на неволјите. Заради Исуса поднесувале напади, омраза и клевети. Го следеле него низ жестоки борби; поднесувале самооткажување и преживувале горки разочарувања. Од своето сопствено мачно искуство го запознале злото на гревот, неговата моќ и неговите кобни последици и го гледале со одвратност. Свеста за неизмерната жртва што е принесена за нивното исцелување ги прави малечки во нивните сопствени очи и нивните срца ги исполнува со благодарност и фалба што оние кои никогаш не згрешиле не можат тоа да го сфатат. Тие многу сакаат, зашто многу им е простено. Бидејќи биле учесници во Христовите маки, сега можат да учествуваат во неговата слава. (продолжува)

 

Pin It on Pinterest