(продолжува од претходниот ден) Секогаш кога црквата имала во свои раце државна власт, таа ја употребувала да го казнува отстапувањето од своето учење. Протестантските цркви, кои оделе по стапките на Рим, соединувајќи се со световните власти, покажале слична желба да ја ограничат слободата на совеста. Пример за тоа е Англиканската црква која долго време ги прогонувала оние што не се согласувале со нејзиното учење. За време на шеснаесеттиот и седумнаесеттиот век илјадници нонконформистички проповедници (кои верувале поинаку) биле присилени да ги остават своите цркви, и многу пастори и верни претрпеле казни, затвор, измачувања и маченичка смрт.

Отпадот на црквата отишол толку далеку што таа побарала помош од државата, а тоа го приготвило патот да се издигне папството, ѕверот. Павле рекол: „Зашто тоа нема да се случи додека првин не дојде отпадништво и не се појави човек на беззаконието“ (2. Солуњаните 2,3). Според тоа, отпадот во црквата ќе му го приготви патот на ѕверот.

Библијата кажува дека пред Господовото доаѓање ќе настане состојба на верско опаѓање, слична на онаа во првите векови. „И знај го ова: во последните денови ќе настапат тешки времиња, зашто луѓето ќе станат себични, среброљупци, фаленичари, горделиви, пцујачи, непокорни на родителите, неблагодарни, несвети, без љубов, непомирливи, злобни клеветници, невоздржани, свирепи, непријатели на доброто, предавници, безобѕирни, надуени, повеќе сластољубиви отколку богољубиви, кои имаат изглед на побожност, а се откажале од нејзината сила“ (2. Тимотеј 3,1­5). „Духот јасно кажува дека во последните времиња некои ќе отстапат од верата, слушајќи лажни духови и ѓаволски науки“ (1. Тимотеј 4,1). Сатаната ќе дејствува „со секаква сила, со чудотворни знаци, со лажни чуда и со секаква неправедна измама.“ ­ А сите што „не ја примија љубовта на вистината за да се спасат“, ќе бидат препуштени самите на себе за да ја прифатат „заблудата која дејствува меѓу нив за да ѝ веруваат на лагата“ (2. Солуњаните 2,9­11). Кога ќе настапи оваа состојба на безбожност, тогаш ќе настапат истите последици како и во првите векови.

Големата верска разлика што владее меѓу протестантските цркви, мнозина ја сметаат за силен доказ дека никогаш не може да се постигне принудно верско единство. Па сепак, веќе со години во протестантските цркви постои сè посилен стремеж да се обединат врз основа на начелата што им се на сите заеднички. За да се постигне единство, мора да се избегне претресувањето на сите предмети во кои не се сите сложни, без оглед на тоа колку се важни од библиска гледна точка.

Чарлс Бичер, угледен американски говорник, во еден говор во 1846 година рекол дека свештенството на „евангеличките протестантски заедници од почеток стои не само под силен притисок исклучиво на човечки стравувања, туку тоа живее, дише и се движи во наполно расипана атмосфера и секогаш се повикува на пониските елементи на својата природа за да ја замолкне вистината и да потклекне пред силата на отпадот. Зар по овој пат не одел и Рим? Зар не го преживуваме и ние повторно неговиот живот? Што гледаме токму пред себе? ­ Нов сеопшт собор! Еден светски собир! Евангеличка алијанса? Сеопшт симбол на верата!“ (Проповед на тема “The Bible a Sufficient Creed,” delivered at Fort Wayne, Indiana, Feb. 22, 1846).

Кога еднаш ќе се постигне тоа, тогаш, во настојувањето да се постигне целосно единство, ќе постои само еден чекор до примена на сила.

Кога водечките цркви во Соединетите Држави, обединети околу догмите што им се заеднички, ќе почнат да влијаат врз државата да ги наметне нивните декрети и да ги поддржи нивните установи, тогаш протестантска Америка ќе создаде икона или копија на римската хиерархија, а неизбежна последица на тоа ќе биде изречување на граѓански казни на оние кои веруваат поинаку.

Ѕверот со два рога „стори на сите ­ мали и големи, богати и бедни, слободни и робови ­ да им се даде жиг на десната рака или на челото, и никој да не може ниту да купи ниту да продаде, освен оној што го има жигот, името на ѕверот или бројот на неговото име“ (Откровение 13,16.17). Опомената на третиот ангел гласи: „Оној што ќе му се поклони на ѕверот и на неговата икона, и прими жиг на своето чело или на својата рака, ќе пие од виното на Божјиот гнев.“ (Откровение 14,9). „Ѕверот“ што се спомнува овде, чиешто обожавање ќе го изнуди ѕверот со два рога, е првиот ѕвер, сличен на леопард, од Откровението 13. глава ­ папството. „Иконата на ѕверот“ го претставува оној облик на отпаднатиот протестантизам што ќе се развие кога протестантските цркви ќе побараат помош од граѓанските власти да ги наметнат своите догми. Ни преостанува уште да го опишеме „жигот на ѕверот“.

По опомената да не му се клањаме на ѕверот и на неговата икона, пророштвото кажува: „Овде е трпението на светите кои ги држат Божјите заповеди и верата Исусова.“ Бидејќи оние што му се поклонуваат на ѕверот и на неговата икона и го прифаќаат неговиот жиг, од тука јасно се гледа дека почитувањето на Божјиот закон од една страна, и неговото престапување, од друга страна, ја прават разликата меѓу оние што му се поклонуваат на Бога и оние што му се поклонуваат на ѕверот и на неговата икона и го прифаќаат неговиот жиг, од тука јасно се гледа дека почитувањето на Божјиот закон од една страна, и неговото престапување, од друга страна, ја прават разликата меѓу оние што му се поклонуваат на Бога и оние што му се поклонуваат на ѕверот. (продолжува)

Pin It on Pinterest