(продолжува од претходниот ден) Римската црква не се откажала од своето барање за превласт, и кога светот и протестантските цркви ќе ја прифатат нејзината недела како сабота, а ќе ја отфрлат библиската сабота, тогаш тие всушност ја признаваат нејзината власт. За оваа промена тие можат да се повикуваат на авторитетот на отците и на преданијата, но постапувајќи така, го побиваат токму она начело што ги изделува од Рим ­ дека „Библијата, и само Библијата, е вера на протестантите“. Секој приврзаник на Рим може да види дека протестантите се лажат самите себеси и дека во овој случај намерно ги затвораат очите пред фактите. Кога движењето во корист на празнувањето на неделата наидува на одобрување, приврзаниците на Рим се радуваат, знаејќи дека со текот на времето целиот протестантски свет ќе дојде под знамето на Рим.

Приврзаниците на Рим изјавуваат дека „празнувањето на неделата од страна на протестантите е почит кон авторитетот на Католичката црква, макар и против нивна сопствена волја“ (Mgr. Segur, Plain Talk About the Protestantism of Today, page 213). Озаконувањето на празнувањето на неделата во протестантските цркви значи озаконување на обожавање на папството ѕверот. Оние што го сфаќаат барањето на четвртата заповед, па сепак, ја празнуваат лажната, наместо вистинската сабота, со тоа ѝ се клањаат на онаа власт, по чијашто наредба е извршена таа промена. Но токму со тоа што црквите со помош на световните власти сакаат да ги присилат луѓето да извршуваат верски должности, тие сами му прават икона на ѕверот; според тоа, присилувањето да се празнува неделата е присилување да се почитува ѕверот и неговата икона.

Но христијаните во минатите векови ја празнувале неделата мислејќи дека ја празнуваат библиската сабота. И денеска уште има вистински христијани во различни христијански цркви, па и во римокатоличката, кои искрено веруваат дека неделата е од Бога одредената сабота. Бог ја прима нивната искрена намера и нивната чесност. Но, кога празнувањето на неделата ќе биде наметнато со закон и кога светот потпол но ќе биде упатен и просветлен во врска со должностите кон вистинската сабота, тогаш сите што ќе ја прекршат Божјата заповед за да ја послушаат наредбата на Рим, со тоа ќе му дадат поголема почит на папството отколку на Бога. Тие го почитуваат Рим и власта што наредува да се почитува установата што ја вовел Рим. Тие му се клањаат на ѕверот и на неговата икона. Кога луѓето ќе ја отфрлат установата за која Бог рекол дека е знак на неговата моќ , а наместо неа ја почитуваат онаа што ја избрал Рим да биде знак на неговата врховна власт, тие на тој начин примаат знак на верност кон Рим „жиг на ѕверот“. Сè додека ова прашање не биде отворено изнесено пред луѓето и сè додека од нив не биде побарано да бираат меѓу Божјите и човечките заповеди, оние што ќе продолжат да ги кршат заповедите, ќе примат „жиг на ѕверот“.

Најстрашна закана, што кога и да е му е упатена на смртниот човек, се наоѓа во третата ангелска вест. Сигурно тоа е страшен грев поради кој се излева врз главите на виновниците Божји гнев непомешан со милост. Луѓето не смеат да останат во темнина во врска со овој мошне важен предмет. Предупредувањето против овој грев треба да му се објави на светот уште пред излевањето на Божјите судови за сите да можат да знаат зошто тие треба да се излеат и да им се даде можност да ги избегнат. Пророштвото кажува дека првиот ангел му ја објавува својата вест „на секое племе, јазик, колено и народ“. Предупредувањето на третиот ангел, што содржи дел од истата тројна вест, исто така мора да му се објави на цел свет. Според пророштвото, оваа опомена ќе биде објавена „со силен глас“ од страна на еден ангел кој лета среде небото и кој ќе го привлече на себе вниманието на цел свет.

На крајот од големиот судир целото христијанство ќе биде поделено на два големи дела едните ги држат Божјите заповеди и верата Исусова, и другите му се клањаат на ѕверот и на неговата икона и го примаат неговиот жиг. Иако црквата и државата ќе ја соединат својата моќ да ги присилат „сите мали и големи, богати и бедни, слободни и робови“ да примат „жиг на ѕверот“ (Откровение 13,16), сепак, Божјиот народ нема да го прими. Пророкот уште на Патмос ги видел „победниците над ѕверот и над неговата икона и на бројот на неговото име како стојат на стакленото море и имаат Божји харфи, и ја пееја песната на Божјиот слуга, Мојсеј, и песната на Јагнето“ (Откровение 15,2.3).

Pin It on Pinterest