(продолжува од претходниот ден) Наспроти оние што ги држат Божјите заповеди и верата Исусова, третиот ангел укажува на друга група, против чиишто заблуди објавува свечена и страшна опомена: „Секој што ќе му се поклони на ѕверот и на неговата икона, и прими жиг на своето чело или на својата рака, ќе пие од виното на Божјиот гнев“ (Откровение 14,9.10). За да ја сфатиме оваа вест, потребно е исправно да ги толкуваме употребените симболи. Што се подразбира под поимите ѕвер, икона и жиг?

Пророчкиот синџир во кој се наоѓаат сите симболи почнува во Откровение 12. глава со ламја која сакала да го убие Христа кога се родил. Сатаната е ламја (Откровение 12,9), зашто тој Ирода го поттикнувал да го убие Спасителот. Негово главно оружје со кое во првите векови на христијанскиот период војувал против Христа и против неговиот народ било римското царство со неговата претежно многубожечка религија. И додека ламјата, во првиот стих, го претставува сатаната, таа, во поширока смисла, е и симбол на многубожечкиот Рим.

Во 13. глава (стихови 1-­10) е опишан друг ѕвер кој „беше како леопард“, на кој ламјата му даде „своја сила, свој престол и голема власт“. Овој симбол, како што веруваа повеќето протестанти, го претставува папството кое наследило сила, престол и моќ од старото римско царство. За ѕверот сличен на леопард се кажува: „И му беше дадена уста која зборува големи работи и богохулства… И ја отвори својата уста да хули против Бога, да го хули неговото име и неговиот шатор, и оние кои живеат на небото. Му беше дадено да завојува против светите и да ги совладува и му се даде власт над секое племе, народ, јазик и род.“ Ова пророштво, кое речиси е еднакво со описот на малечкиот рог во Даниел 7. глава, без сомнение укажува на папството.

Му „се даде власт да прави така четириесет и два месеци“. Пророкот понатаму кажува: „И видов една од неговите глави како беше смртно ранета“; потоа продолжува: „Кој води во ропство и самиот ќе отиде во ропство; кој убива со меч, и самиот ќе загине од меч.“ Оние „четириесет и два месеца“ имаат исто значење како и она „едно време, две времиња и половина време“, како и оние „три и пол години“ или оние „1260 дни“ од Даниел ќе го угнетува Божјиот народ. Овој временски отсек, како што е изнесен во претходната глава, почнал со папската превласт во 538 година по Христа, а завршил во 1798 година. Во тоа време француската војска го заробила папата; папската власт задобила смртна рана и се исполнило пророштвото: „Кој води во ропство, и самиот ќе отиде во ропство.“

Во таа глава се појавува уште еден симбол. Пророкот вели: „Видов и друг ѕвер како излегува од земјата. Тој имаше два рога како кај јагне“ (Откровение 13,11). Појавувањето на овој ѕвер и неговиот изглед покажуваат дека народот што го претставува тој е поинаков од народите што се претставени со претходните симболи. Големите светски царства во пророкот Даниел се претставени со ѕверови што се појавиле откако „четири небесни ветра го разбранија Големото Море“ (Даниел 7,2). Во Откровение 17. глава ангелот објаснил дека водите се „луѓето, народите, племињата и јазиците“ (Откровение 17,15). Ветровите се симболи на судирите. Четирите небесни ветра што дувале на Големото Море ги претставуваат страшните сцени на освојување и преврати, со чија помош царствата доаѓаат на власт.

Но ѕверот со рогови како кај јагне е виден „како излегува од земјата“. Наместо да урне други сили за да воспостави своја власт, оваа држава, претставена на овој начин, мора да настане на до тогаш незаземена територија, да расте постепено и мирољубиво. Затоа тој ѕвер не можел да излезе од многубројните меѓусебно судрени народи на Стариот свет од она немирно море на „народи, колена, племиња и јазици“. Него мораме да го бараме на западниот континент.

Кој народ почнал да се јавува во 1798 година како сила во новиот дел на светот и станувал сè поголем и посилен, така што го привлекол на себе вниманието на светот? Примената на овој симбол не е никакво тешко прашање. Само еден единствен народ одговара на податоците на ова пророштво. Тоа јасно упатува на Соединетите Американски Држави. Често говорниците и историчарите несвесно ја употребувале мислата, а понекогаш и самите зборови на пророкот при опишувањето на настанокот и развитокот на овој народ. Ѕверот е виден „како излегува од земјата“. Зборот „излегува“ може да се преведе со „никнува или израснува како билка“. Но, како што видовме, тој народ морал да се појави на дотогаш ненаселено подрачје. Еден угледен писател, кој го опишува настанокот на Соединетите Држави, зборува за „тајната на нивниот настанок од празнина“ и кажува: „Како тивка шиблинка израснавме во империја“ (G. A. Townsend, The New World Compared With the Old, page 462). Еден европски дневник во 1850 7. глава односно го означуваат времето во кое папската власт година за Соединетите Држави пишуваше како за некоја необична држава која „никнала“ и „во тишина на земјата непрекратно ја зголемува својата моќ и гордост“ (The Dublin Nation). Едвард Еверт, во својот говор за по божните основачи на овој народ, рекол: „Барале осамено место, простодушно поради својата непознатост и сигурно поради својата зафрленост, каде што малечката црква од Лејден можела да ужива слобода на совеста. Посматрајте ги огромните подрачја преку кои, со мирно освојување, … го пронеле знамро на крстот“ (Говор оджан во Плимут, Масачусетс, 22 декември 1824 година, стр. 11). (продолжува)

Pin It on Pinterest