(продолжува од предходниот ден) Учениците биле зачудени и восхитени со Христовото преткажување. Сакале подобро да го разберат значењето на неговите збо­рови што се однесувале на разурнувањето на храмот. Во текот на четириесет години беспоштедно се трошеле пари, вложуван е труд и градителска вештина за да го зголемат неговиот сјај. Ирод Велики потрошил римско и еврејско богатство, а светскиот император го збогатил со свои подароци. Од Рим биле донесени огромни бло­кови бел мермер со баснословни размери кои сочинувале дел на неговата градба. Учениците му обрнале внимание на Исуса на нив, велејќи: „Учителе, гледај ­ какви камења, какви зданија!“ (Марко 13,1).

Откако ги слушнал овие зборови, Исус дал свечен и вчудовиден одговор: „Вистина, ви велам: овде нема да остане никамен на камен. Сè ќе се разурне“ (Матеј 24,2).

Учениците разурнувањето на Ерусалим го поврзале со основа­њето на царството на Месија. Тогаш Тој ќе ги казни непокајаните Евреи и ќе го ослободи народот од римскиот јарем. Бидејќи Исус им рекол дека ќе дојде по втор пат, кога ја спомнал пропаста на Ерусалим, тие си помислиле на тоа доаѓање, па кога се собрале на Маслинската гора околу него, го прашале: „Кажи ни кога ќе биде тоа и кој е знакот на твоето доаѓање и на крајот на светот?“ (Матеј 24,3).

Иднината на учениците им била милостиво скриена. Во тоа време, кога потполно би ги разабрале двата ужасни факти стра­дањето и смртта на Откупителот, како и разурнувањето на нив­ниот град и храм, тие би се вчудовиделе од ужас. Исус само во главни потези им ги изнел важните настани што ќе се одиграат пред крајот. Затоа тие не можеле наполно да ги разберат него­вите зборови; но нивното значење требало да им се открие то­гаш кога ќе им бидат потребни упатствата што ги дал во нив. Пророштвото што го кажал имало двојно значење: тоа се одне­сувало на разурнувањето на Ерусалим и на стравотиите на по­следниот голем ден.

Исус им открил на учениците што го слушале какви судови ќе го стигнат отпадничкиот Израел, особено каква казна ќе ги снајде поради отфрлањето и распнувањето на Месија. Крајот ќе биде означен со непогрешни знаци. Ужасниот миг ќе настапи одненадеж и бргу. Спасителот ги предупредил своите следбеници: „Кога ќе го видите гнасното пустење за кое зборува пророкот Даниел, како владее на светото место кој чита нека разбере ­тогаш жителите на Јудеја нека бегаат во горите“ (Матеј 24,15.16; Лука 21,20.21).

Кога идолопоклоничките знамиња на Римјаните ќе бидат истакнати на светото земјиште што се простира неколку стотици метри надвор од ѕидовите на Ерусалим, тогаш Христовите след­беници треба да го напуштат градот. Кога ќе го забележат знакот што предупредува, тогаш оние што сакаат да се спасат не смеат веќе да се колебаат. Во цела Јудеја, и во Ерусалим, морале да го искористат знакот за бегство. Оној што би се нашол на покрив, не смеел да слегува во куќата за да го спаси своето најдрагоцено богатство. Оние што би работеле на поле или на лозје, не смеат да се задржуваат и да се враќаат да ја земат горната облека што ја слекле од себе додека работеле на дневните горештини. Не смеат да се колебаат ниту еден миг за да не ги зафати сеопштото уништување.

За време на владеењето на Ирода, Ерусалим, покрај тоа што многу се разубавил, во него се изградени кули, ѕидови и тврдини, со што, заедно со неговата природна положба, станал навидум неосвоив. Оној што би преткажал во тоа време дека тој ќе биде разурнат, би бил сметан за неразумен нарушувач на мирот, како Ное во свое време. Но Исус рекол: „Небото и земјата ќе поминат, но моите зборови нема да поминат“ (Матеј 24,35). Поради грево­вите на Ерусалим, против него е објавен гнев и неговото упорно неверство ја запечатило неговата осуда.

Господ објавил преку пророкот Михеј: „Чујте ме поглавари на домот на Јакова, судии на домот Израелов, вие, на кои правдата им се гади та искривувате сè што е исправно. Вие кои го градите Сион со крв и Ерусалим со беззаконие! Поглаварите негови судат за мито, свештениците учат за награда, а пророците пророкуваат за пари! А сепак, се повикуваат на Господа и велат: „Нели е Господ меѓу нас? Нема зло да нè снајде“ (Михеј 3,9­.11).

Овие зборови добро ја опишуваат поткупливоста и лажната правда на жителите на Ерусалим. Иако тврделе дека строго ги држат прописите на Божјиот закон, ги престапувале сите негови начела. Го мразеле Христа чијашто светост и чистота ги откривале нивните  беззаконија; тие го обвинувале дека Тој е причина за сите зла што ги снашле поради нивните гревови. Иако ја признавале неговата безгрешност, изјавиле дека неговата смрт е потребна заради сигурноста на нацијата. „Ако го пуштиме да продолжи така“, рекле еврејските поглавари, „сите ќе веруваат во него, па ќе дојдат Римјаните и ќе ни го уништат храмот и народот“ (Јован 11,48). Ако го погубат Христа, си мислеле тие, ќе станат уште ед­наш силен и обединет народ. Со тоа го делеле мислењето на по­главарот свештенички кој тврдел дека подобро е да умре еден човек отколку да пропадне цел народ.

На овој начин водачите на еврејскиот народ „го граделе Сион со крв и Ерусалим со беззаконие“ (Михеј 3,10). Сепак, иако го убиле Спасителот кој ги карал поради нивните гревови, тие се потпирале врз својата лажна правда и сè уште се сметале себеси за Божји повластен народ и очекувале Господ да ги ослободи од нивните непријатели. „Затоа“, продолжува пророкот, „Сион ќе биде преорано поле, Ерусалим урнатини. Гората на тој дом ќе за­расне во шума“ (Михеј 3,12). (продолжува)

 

Pin It on Pinterest