(продолжува од претходниот ден) Сторијата за смоквата, што ја изнел Христос пред својата посета на Ерусалим, е поврзана со поуката што се наоѓа во проклетството изречено над неродното дрво. Градинарот молел за неродното дрво: Остави ја уште оваа година додека не ископам околу неа и додека не ја наѓубрам; па ако роди, добро, а ако не, ќе ја пресечеш подоцна. На неродното дрво било потребно да му се укаже поголема грижа. Нему требало да му се даде предимство. Меѓутоа, ако остане без плод, ништо нема да го спаси од уништување. Во приказот не е преткажан резултатот на трудот на градинарот. Тој зависел од народот на кој му биле упатени Христовите зборови. Тие биле претставени со неродното дрво и до нив стоело да решат за својата сопствена судбина. Секое предимство што можело да го подари Небото им било дадено, но не ги искористиле своите зголемени благослови. Конечниот резултат е покажан со Христовиот чин на изрекување на проклетство над неродната смоква. Народот сам го одредил своето сопствено уништување.

Повеќе илјади години еврејскиот народ ја злоупотребувал Божјата милост и ги предизвикувал неговите судови, ги отфрлал неговите опомени и ги убивал неговите пророци. Народот во Христово време бил одговорен за истите гревови затоа што одел по ист пат. Вината на тоа поколение лежи во отфрлањето на сегашната вистина и опомена. Оковите што со векови ги ковел овој народ, луѓето во Христовите денови ги прицврстувале на себе.

Во секој период на луѓето им е подарен нивни ден на светлина и предимство, едно време на проверка, во кое можат да се помират со Бога. Но оваа милост има граници. Милоста може со години да повикува, да биде омаловажувана и отфрлана, но тогаш доаѓа време кога милоста го упатува својот последен повик. Срцето станува толку тврдо, што престанува да се оѕвива на Божјиот Дух. Тогаш благиот глас што го задобива грешникот не го преколнува веќе, а карањето и опомените престануваат.

Тој ден дошол за Ерусалим. Исус плачел во тага над осудениот град, но не можел да го спаси. Ги потрошил сите извори. Со отфрлањето на опомените на Божјиот Дух, Израел го отфрлил единственото средство за помош. Не постоела никаква друга сила со која би можел да биде спасен.

Еврејскиот народ е симбол на народите од сите векови што го презирале преколнувањето на бесконечната љубов. Христовите солзи, додека плачел над Ерусалим, биле солзи за гревовите на сите времиња. Во судовите изговорени над Израел, оние што го отфрлаат карањето и опомените на Божјиот Свети Дух, можат да ја читаат својата сопствена осуда.

Во ова поколение постои мноштво што ја гази истата почва по која оделе и неверните Евреи. Тие ја почувствувале Божјата сила, Светиот Дух му зборувал на нивното срце, но тие цврсто се прилепиле за своето неверство и противење. Бог им упатува опомени и карања, но тие не се готови да ги признаат своите гревови, па ја отфрлаат неговата вест и неговиот весник. Истото она средство што го користи Тој за нивно исцелување, им станува карпа на соблазна.

Отпаднатиот Израел ги мразел Божјите пророци затоа што тие ги изнесувале на виделина нивните скриени гревови. Ахав го сметал Илија за свој непријател затоа што пророкот верно ги укорувал тајните беззаконија на царот. Така и денеска Христовиот слуга, кој го укорува гревот, наидува на потсмев и отфрлање.

Библиската вистина, Христовата вера, се бори против силните струи на моралната нечистота. Во срцата на луѓето предрасудата денеска е посилна отколку во Христово време. Христос не ги исполнувал световните очекувања на луѓето; неговиот живот бил укор за нивните гревови, и тие го отфрлиле. Вистината на Божјата реч и денеска не се согласува со постапките на луѓето и со нивните природни склоности, па затоа илјадници ја отфрлаат нејзината светлина. Луѓето, поттикнати од сатаната, се сомневаат во Божјата реч и се одлучуваат за примена на свој независен суд. Тие побргу ја бараат темнината отколку светлината, но тоа го прават на пропаст на своите души. Оние што ги извртувале Христовите зборови, постојано изнаоѓале сè повеќе причини за извртувањето сè додека не се одвратиле од Вистината и од Животот. Така е и денеска. Бог нема намера да отстрани некоја забелешка што телесното срце може да ја изнесе против неговата вистина. За оние што ги добиваат драгоцените зраци на светлината што би ја расветлиле темнината, тајните на Божјата реч ќе останат такви засекогаш. Вистината е скриена од нив. Тие одат на слепо и не ја познаваат пропаста што е пред нив.

Од врвот на Маслинската гора Христос го набљудувал светот и сите векови и неговите зборови се однесуваат на секоја душа што ги омаловажува повиците на божествената милост. Тој денеска ти се обраќа тебе, кој ја презираш неговата љубов. „Ти, токму ти“, треба да го знаеш она што е потребно за твојот мир. Христос лее горки солзи за тебе кој немаш солзи за себе. Веќе таа злокобна окоравеност на срцето што ги уништила фарисеите, се покажува и во тебе. А секој доказ на Божјата милост, секој зрак на божествената светлина или ја растопува и ја покорува душата, или ја утврдува во нејзиното безнадежно непокајание.

Христос однапред видел дека Ерусалим ќе остане тврдокорен и дека нема да се покае, а сета вина, сите последици на отфрлената милост лежеле пред неговата врата. Така ќе биде и со секоја душа што оди по ист пат. Господ изјавува: „Си пропаднал, Израеле.“ „Чуј, земјо! Еве, носам зло на овој народ, плодот на нивниот бунт, зашто тие не ги слушаа моите зборови, го отфрлија мојот закон“ (Осија 13,9; Еремија 6,19).

Pin It on Pinterest