Извесно време влијанието на Крстителот врз народот било поголемо од влијанието на поглаварите, свештениците и кнезовите. Кога себеси би се прогласил за Месија и кога би дигнал востание против Рим, свештениците и народот би зас танале под неговото знаме. Сатаната бил готов да му наметне на Јована Крстителот мисли што поттикнуваат славољубие на световни освојувачи. Меѓутоа, имајќи пред себе доказ за неговата моќ , тој решително го одбил овој привлечен поткуп. Вниманието што било сосредоточено на него го пренасочил кон Друг.

Сега видел како бранот на омиленоста кај народот се пренасочува од него кон Спасителот. Од ден на ден мноштвото околу него се намалувало. Кога Исус дошол од Ерусалим во пределот околу Јордан, се собрало мноштво народ да го чуе. Бројот на неговите ученици секојдневно се зголемувал. Мнозина доаѓале заради крштавање; иако Христос не крштавал, Тој на своите ученици им одобрил да го вршат овој обред. Со тоа ставил печат на мисијата на својот предвесник (преттеча). Меѓутоа, учениците на Јована љубоморно гледале како расте Исусовата популарност. Биле готови да ја критикуваат неговата работа, и не поминало многу време кога за тоа нашле и прилика. Меѓу нив и Евреите се поткренало прашање дали крштавањето може да ја исчисти душата од гревот; тврделе дека Исусовото крштавање значително се разликува од од она на Јована. Набргу почнале да се расправаат со Христовите ученици за обликот на зборовите што треба да се изговараат при крштавањето и на крај за правото на овие, последниве, да крштаваат.

Учениците на Јована дошле кај него со свои приговори, велејќи: „Рави, ене, Оној што беше со тебе отаде Јордан, за кого ти сведочеше, Тој крштава, и сите одат кај него.“ Со овие 140 зборови сатаната го искушавал Јована. Иако задачата на Јована очигледно била при крај, тој сè уште би можел да ја попречува Христовата работа. Кога би покажал самосожалување, не задоволство или разочарување поради тоа што е потиснат, би сеел семе на раздор, би поттикнувал завист и љубомора и сериозно би го кочел напредокот на евангелието.

По природа Јован имал мани и слабости вообичаени за човечкиот род, но се преродил во допир со божествената љубов. Тој живеел во средина неизвалкана со себичност и со честољубие, високо над загадената атмосфера на љубомората. Ниту малку не се согласувал со незадоволството на своите ученици, туку покажал дека јасно го сфатил својот однос кон Месија и со задоволство го поздравил со добредојде Оној на кого му го приготвил патот.

Рекол: „Не може човек ништо да прими ако не му е даде но од небото. Вие сами сте мои сведоци дека реков: ‘Јас не сум Христос, туку сум пратен пред него.’ Оној кој има невеста, тој е младоженец. А пријателот на младоженецот, кој стои и го слуша, од срце се радува штом ќе го чуе гласот на младо женецот.“ Јован себеси се претставил како пријател кој дејствува како весник меѓу свршениците, приготвувајќи го патот за венчавањето. Кога младоженецот ја примил својата невеста, задачата на пријателот била завршена. Тој се радува за среќата на оние чиешто соединување го потпомогнувал. Така Јован бил повикан да го насочи народот кон Исуса и се радувал што можел да сведочи за успехот на делото на Спасителот. Рекол: „Оваа моја радост се исполни. Тој треба да расте а јас да се смалувам.“

Гледајќи со вера во Откупителот, Јован се издигнал на висок степен на самооткажување. Не настојувал луѓето да ги привлече кон себе, туку нивните мисли да ги издигне колку што е можно повисоко, сè додека тие не се запрат на Божјето Јагне. Тој бил само глас, вик во пустината. Сега со радост ја прифатил тишината и повлеченоста, со цел очите на сите да можат да се свртат кон Светлината на животот.

Оние што се предани на својот позив како Божји весници нема да бараат почести за себе. Љубовта кон себе ќе исчезне во љубовта кон Христа. Никакво соперништво нема да ја оштети драгоцената цена на евангелието. Тие ќе препознаат дека нивна задача е како Јован Крстителот да објавуваат: „Еве го Јагнето Божје кое ги зема на себе гревовите на светот“ (Јован 1,29). Ќе го издигнат Исуса, а со него ќе се издигне и човечкиот род. „Вака кажува Севишниот и Возвишениот, кој владее вечно и името му е Свети: ‘Владеам во висок и свет стан, но Јас сум и со угнетените и со понижените, да го подигнам духот на понизните, да ги оживеам срцата на скршените’“ (Исаија 57,13). (продолжува)

Pin It on Pinterest