Alozo. T. Jones
Објавени во продолженија во списанието „Review and Herald“
2.2 Лекции за верата (втори дел) – 27 декември 1898.

Вера е да очекуваме дека Божјиот збор ќе го направи она што кажува и да зависиме од тој збор дека ќе го направи тоа што го кажува.

Бидејќи тоа е вера и бидејќи верата доаѓа од Божјиот збор, јасно е дека Божјиот збор, да би можел да всади вера, мора да поучува дека самиот збор има сила во себе да го оствари она што го зборува.

И всушност тоа е вистината по ова прашање: Божјиот збор всушност го учи тоа и ништо друго, така што тоа е навистина „верен збор“ – збор полн со вера.

Поголемиот дел од првото поглавје од Светото Писмо е лекција за верата. Ова поглавје има шест многу јасни изјави кои несомнено всадуваат вера; всушност има седум, кога тоа ќе го поврземе со првиот стих.

Всадувањето вера е учење дека Божјиот збор сам по себе остварува она што е изречено во тој збор.

Да го прочитаме тогаш првиот стих во Библијата: „Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата“. Како ги создал? „Господовото Слово ги создаде небесата“ „зашто Тој рече и тие настанаа“ (Псалм 33:6,9). Пред Бог да проговори, тоа не постоело: откако проговорил „тие настанаа“. Настанале само со изговарање. Што предизвикално за да тоа се случи (за да настанат)?  – Самиот зборот.

Но, над бездната било темнина. Бог сакал да биде светлина, но не можело да биде светлина се додека владеела темнина. Повторно проговорил: „И Бог рече: ‘Нека биде светлина!’ И настана светлина.“ (Битие 1:4) Од каде дошла светлината? Зборот кој бил изговорен, самиот произвел светлина. „Објавувањето на Твоите зборови просветува“ (Пс. 119:130).

Немало свод, немало атмосфера. Бог посакал да настане свод. Како би можел да настане? – И Бог рече: ‘Нека биде свод’… И бидна така“. Што довело до настанување на сводот? Што предизвикало да се оствари тоа? Само збор. Бог проговорил и постанало. Самиот изговорен збор направил тоа да настане.

Потоа Бог посакал да настане копно. Како би настанало? – Повторно Бог проговорил: „И Бог рече: ‘Нека се собере водата, што е под небото на едно место, и нека се појави копно!’ И бидна така.“

Потоа, немало вегетација. Од каде ќе дојде таа? Повторно Бог проговорил. „И Бог рече: „Нека изникне земјата со зеленило – со семеносна трева, со плодоносно дрво, кое – секое според својот вид – ќе донесува на земјата плод, што го носи своето семе во себе!” И бидна така.“

Повторно проговорил: „И Бог рече: ‘Нека бидат светила на небесниот свод…’ И бидна така.“

Подоцна повторно проговорил: „И Бог рече: ‘Земјата нека произведе живи суштества’ И бидна така.“

Така „преку зборот Господов“ биле создадени сите работи. Бог само изговорил збор и така биднало. Самиот изговорен збор ги создал работите.

Така било при создавањето. Така било и при откупувањето. Тој лечел болни, изгонувал демони, стивнувал бури,  очистувал лепрозни, воскреснувал мртви, простувал гревови, сè тоа со својот збор. Во сè ова „Тој рече и се настана“.

А Тој е ист вчера, денес и засекогаш. Тој е засекогаш Создателот. И секогаш ги прави сите работи само со своите зборови. И секогаш може да направи сè со својот збор, затоа што всушност особина на Божјиот збор е дека тој содржи божествена сила преку која го остварува тоа што е речено.

Затоа верата знае дека во Божјиот збор се наоѓа оваа сила и очекува самиот збор да го направи тоа што е кажано и се потпира на тоа дека самиот збор ќе го направи тоа што го кажува.

Учењето за верата е учење дека е таква природата на Божјиот збор. Учењето луѓето да покажат вера е учењето да очекуваат Божјиот збор да го направи тоа што го кажува и да се потпрат на тоа дека ќе го направи она што го има кажано. Гаењето на вера преку пракса доведува до растење на довербата во силата на Божјиот збор дека ќе го направи она што е кажано со тој збор, и до потпирање на тоа дека самиот тој збор ќе го оствари она што било кажано.

Знаењето за тоа што Библијата сака да каже кога ни укажува на неопходноста да гаиме вера, е многу посуштинско од секое друго знаење кое можеме да го стекнеме.

Гаите ли вера?

(продолжува)

Pin It on Pinterest