МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(10 – 16 мај: Основни услови за духовно здравје)

„И Господ, Бог, насади градина на исток, во Еден, и таму го смести човекот, кого го обликува. Господ, Бог, го зеде човекот и го постави во Еденската Градина, за да ја обработува и да ја чува.“ (Битие 2:8.15; Библија)

На Адам и Ева им била поверена грижата за Еденската градина, да ја обработуваат и да ја чуваат. Иако биле обдарени со изобилство на сето она што можел да го подари Господарот на вселената, тие сепак не го поминувале своето време во денгубење. Корисната дејност им била дадена како благослов, за да ги јакнат силите на телото, да го изоструваат умот и да го развиваат карактерот.

Нека и мажите и жените работат во полето, во овоштарникот и во бавчата. Тоа донесува здравје и ги јакне мускулите и нервите. Сите органи на човековиот организам треба да бидат еднакво оптеретени. Тоа е неопходно за складен развој и еднакво делување на секој орган. Господ го создал секој нерв и секој мускул, не за да биде неактивен, туку со него човекот успешно да се користи. Неактивноста на организмот е она што на човекот најчесто му донесува патила и болести.

Многу повеќе луѓе умираат поради неактивност или зачмаеност отколку од премореност од работа и исцрпеност. Оние коишто се навикнуваат на правилно движење на отворено и на свеж воздух, по правило имаат добра циркулација на крвта, што за здравјето е многу важно.

Утринските вежби, редовното движење на житототворниот и закрепнувачки воздух, или одгледувањето на цвеќе, млади садници на овошје и зеленчук, е неопходно за здрава циркулација на крвта. Тоа е најсигурната заштита од прелади, кашлици, натрупување на крв во мозокот и белите дробови, воспалување на панкреасот, бубрезите, белите дробови и на стотина други заболувања.

Луѓето, кои поради природата на својата работа, поголемиот дел од времето го поминуваат на затворено, треба да излегуваат и да се движат секој ден, дури и ако за тоа мора да занемарат некои други работи.

До колку повеќе се ускладиме со првобитниот Божји план, до толку ќе бидеме во поповолна положба да го зачуваме и обновиме здравјето.

Pin It on Pinterest