МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(8 – 14 ноември: Победа во судир со злото)

„Испрати ги Својата светлина и вистина: нека ме водат нека ме одведат во Твојата Света Гора, во Твоите живеалишта.“ (Псалм 43:3; Библија)

Во овие денови на многу опасности мораме да бидеме посебно внимателни за да не се случи да ги отфрлиме зраците на светлина коишто небото преку својата милост ни ги праќа, затоа што благодарејќи само на таа светлина ќе можеме да ги препознаеме и разоткриеме лукавствата на непријателот.

Небесната светлина ни е потребна во секој момент за да можеме да ја воочиме разликата помеѓу светото и обичното, помеѓу поминливото и непоминливото. Без таа светлина, ние би паѓале на секој чекор; постојано би покажувале наклонетост кон светот, избегнувајќи го самооткажувањето, не увидувајќи ја потребата за постојана будност и молитва, и така сатаната би нѐ заробил живи за својата волја. Мнозина веќе се наоѓаат во таква состојба. Отфрлајќи ја светлината која што им ја испратил Бог, тие паѓаат во мракот, незнаејќи од што се спрепнуваат.

Во книгата на животот на Јагнето на крајот ќе се најдат запишани имињата само на оние коишто навистина се бореле храбро во Господовите битки. Тие најискрено се трудат да го препознаат секое искушение и да го отфрлат секое зло. Тие се секогаш длабоко свесни дека ги следи Божјето око, и дека од нив се бара најискрена верност и преданост.

Како верни стражари, тие будно ги чуваат приодите држејќи ги строго заклучени, за да не се случи сатаната преправен во ангел на светлината да влезе помеѓу верниците вршејќи го своето смртоносно дело.

Во бели облеки пред Божјиот престол нема да се најдат оние што повеќе ги сакаат светските задоволства отколку Бога, и оние коишто со поголемо задоволство пливаат низводно отколку наспроти брановите.

Сите коишто сакаат да останат чисти и нерасипани од духот и влијанијата коишто преовладуваат во денешно време, ќе мораат да водат тешка борба. Тие ќе поминат низ големи неволји, и облеките на својот карактер ќе ги исперат и обелат во крвта на Јагнето. Само таквите ќе ја пејат песната на победа во царството на славата.

Pin It on Pinterest