МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(11 – 17 јануари: Молитвата во мојот живот)

„Со оние што се спорат со тебе, Јас ќе се спорам, Јас ќе ги избавам твоите деца.“ (Исаија 49:25; Библија)

Оние што ги извршуваат Божјите заповеди на иднината на своите деца гледаат со голема неизвесност, чувства, надежи и стравувања, прашувајќи се: каква улога ќе одиграат тие во големиот судир кој штотуку им престои. Мајките често загрижено се прашуваат: „Каков став ќе завземат моите деца? Како можам да ги подготвам правилно да се постават, за да можат да ја наследат вечната и сѐ поважна слава? Мајки, вашите одговорности се многу големи. Вие можете да им помогнете на своите деца да изградат таков карактер којшто со ништо нема да може да се поколеба ниту да се наведе на зло, туку со своето влијание и другите ќе ги наведуваат да прават добро. Со своите истрајни молитви упатени со вера вие можете да ја активирате раката којашто ја одржува вселената.

Нашиот небесен Татко никогаш нема да се углуши на молитвите на мајките христијанки. Тој нема да се сврти од вашите барања, препуштајќи ве вас и вашите деца на ударите на сатаната во големиот ден на конечниот судир. Ваше е својата мајчинска должност да ја извршувате верно и понизно, а самиот Бог ќе го доврши делото на вашите раце.

Животната задача извршена верно и совесно на оваа земја ќе биде како таква признаена во небесните дворови. Со неискажана радост родителите ќе видат како круната, облеката и харфата им се даваат на нивните деца во царството на славата. Семето посејано со искрени молитви и залевано со солзи можеби ќе изгледа дека е залудно фрлено, но жетвата на крајот ќе се собира во голема радост. Нивните деца ќе бидат спасени.

Кога Големиот Судија ќе изговори: „Добро, добар и верен слуго“, и ќе ја стави круната на бесмртната слава на главата на победникот, мнозина ќе ја подигнат својата круна пред очите на целокупниот универзум и покажувајќи на својата мајка ќе речат: „Таа ме направи сето ова што сум преку Божјата благодат. Нејзините молитви, нејзините совети и поуки беа благослови кои допринесоа за моето вечно спасение.“

Pin It on Pinterest