МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(15 – 21 февруари: Плодови на Светиот Дух)

„Ти ми го даваш штитот на Своето спасение, Твојата десница ме подржува, а Твојата благост ме возвеличува.“ (Псалм 18:35; Библија)

Имајте секогаш на ум дека треба да Го претставувате Христа во сета Негова понизност, благост и љубов. Вистинската благост, претставува драгоцен бисер во Божјите очи.

Она што нам ни недостасува и што толку многу ни треба е дух на благост. Без тоа не е можно да се води исправен христијански живот во семејниот круг. За да можеме да ги контролираме своите деца онака како што треба, мораме да покажуваме дух на благост и благородност, дух на кротост и дух на поднесување. Не смееме своите деца во дух на постојано изнаоѓање на грешки и мрзоволност, секогаш, само да ги караме. Додека ги учиме да одгледуваат дух на благост, благородност и добрина, и ние самите мораме да покажуваме ист таков дух. Ако сакаме децата кон нас да покажуваат дух на љубов и внимание, мораме и ние кон нив да покажуваме дух на благост и љубезност. Но во исто време, родителите од своја страна не смеат да покажуваат слабост и немудро попуштање. Мајката во своите барања мора да биде цврста и одлучна. Таа во начелата треба да биде цврста како карпа, не отстапувајќи ни најмалку од она што е исправно. Нејзините закони и правила мораат да се почитуваат и да се применуваат во секое време и во секаков случај, но сето тоа, таа мора да го прави во дух на благост и кротост. Децата на таквите родители ќе се развијат во богобојазливи луѓе и жени.

Ниту еден член на семејството не може да се затвори сам во себе, така што останатите членови нема да можат да го чувствуваат неговото влијание и неговиот дух. И со самиот израз на лицето се врши влијание или на добро или на зло. Неговиот дух, неговите зборови, неговите постапки, неговиот став кон другите, очевидно зборува што му е во срцето, и тоа не може да се сокрие. Ако е исполнет со Христовата љубов, тој ќе покажува учтивост, добрина и должно внимание кон чувствата на другите; и со своите постапки на љубов и нежност ќе ги пренесува пријатните чувства и на оние со коишто доаѓа во контакт. Таквиот, навистина, заедно со псалмистот, во својата молитва упатена до Бога ќе рече: „Твојата благост ме возвеличува.“ (Псалм 18:35; Библија)

Pin It on Pinterest