МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(20 – 26 декември: Активности во идниот живот)

„Ќе градат куќи и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе го уживаат нивниот плод. Не ќе се гради веќе, за да живеат други, ниту ќе се сади за да уживаат други: векот на Мојот народ ќе биде како векот на дрвото, Моите избраници ќе ги уживаат долго плодовите на своите раце.“ (Исаија 65:21.22; Библија)

Пространите рамнини на новата земја се продолжуваат во прекрасни ритчиња, а Божјите гори ги издигаат своите возвишени врвови. На тие мирни рамнини, и покрај тие вечни живи потоци, припадниците на Божјиот народ, кои овде беа толку долго само патници и дојденци, ќе ја најдат својата татковина.

„Мојот народ ќе живее во мирно живеалиште, во сигурни домови и во тивки места за одмор.“ (Исаија 32:18; Библија)

На обновената земја, искупените со задоволство ќе се занимаваат со оние работи кои на почетокот им причинувале радост и среќа на Адам и Ева. Повторно ќе живеат рајски живот во градините и отворената природа. „Ќе градат куќи и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе го уживаат нивниот плод.“ (Исаија 65:21; Библија)     

Секоја способност ќе биде развиена во потполност, секој талент и можност ќе се зголеми. Ќе се извршуваат најголеми потфати, ќе се остваруваат највозвишени стремежи и ќе се исполнуваат најубави желби. Секогаш ќе постојат нови висини за искачување, нови чуда за восхитување, нови вистини за сфаќање, нови предмети за изучување, за во сето тоа да се ангажираат сите сили на телото, духот и душата.

Спасените во вечниот живот секогаш ќе имаат некое корисно занимање, и нема да го минуваат животот во занес и безделничење. Овде Божјиот народ ќе го пронајде и својот одмор. Активностите со кои што ќе се занимаваат спасените, нема да бидат тешки и заморни, тоа навистина ќе биде вистинско спокојство. Целата фамилија на искупените ќе наоѓа најголемо задоволство во служење на Оној на Кого сите Му припаѓаме, и по создавање и по искупување.     

За уморните и натоварените, за сите оние кои овде се борат со добра борба на верата, тоа ќе биде навистина прекрасен одмор, бидејќи ќе им биде подарена младост и сила на бесмртност, и нема да мораат повеќе да се борат против гревот и против сатаната.

Pin It on Pinterest