МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(21 – 27 јуни: Емоционалната зрелост донесува среќа)

„Делото на правдата ќе биде мирот, а плодот на праведноста, покој и надеж засекогаш.“ (Исаија 32:17; Библија)

Вистинските начела на психологијата се наоѓаат во Библијата. Човекот малку знае за својата вистинска вредност. Тој постапува во склад со својот непрепороден карактер, затоа што не гледа на Исуса како на Зачетник и Свршител на својата вера.

Меѓутоа, оној којшто доаѓа кај Христа, верувајќи во Него и земајќи Го за пример во сѐ, го сфаќа значењето на зборовите на апостолот: „А на сите кои Го примија, им даде власт да станат Божји деца.“ (Јован 1:12; Библија)

Оние коишто поминале низ искуството на вистинско обраќање имаат жива претстава за својата одговорност пред Бога: своето спасение да го градат со страв и трепет, за одговорноста потполно да се очистат од губата на гревот. Таквото искуство ги наведува луѓето да се понизат пред Бога, чувствувајќи се потполно зависни од Него.

Свеста дека Господовите очи секогаш пазат на нас и дека Неговите уши се отворени за секоја наша молитва, претставува вистинско задоволство. Да се знае дека на небото имаме Пријател Којшто никогаш не изневерува и комушто можеме да му ги довериме сите свои тајни, е предимство коешто не може да се искаже со зборови.

Луѓето и жените коишто навистина веруваат во Христа нема да бидат несигурни, вознемирени, незадоволни и непостојани; Христовиот мир во срцето ќе им даде постојаност и цврстина на карактерот.

Не дозволувајте било што да ги загрози мирот на вашата душа, спокојството и сигурноста кои штотуку сте ги нашле во Христа. Фатете се за секое Божјо ветување, сите тие ви се наменети и вам доколку во потполност им се потчините на условите под коишто се дадени.

Потполното напуштање на своите патишта коишто изгледаат така мудро избрани, и прифаќањето на Христовите патишта, претставува тајна на совршениот мир и сигурност во Неговата љубов.

Душата што е посветена во Христовата служба во тоа наоѓа мир којшто светот не може, ниту да го даде, ниту да го земе.

Pin It on Pinterest