МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(16 – 22 август: Како да бидам добар ближен)

„Тогаш царот и кнезовите им заповедаа на левитите да Го фалат Господа со зборовите на Давида и на гледачот Асаф; тие почнаа да фалат со најголема веселба, паднувајќи ничкум се поклонија.“ (2 Летописи 29:30; Библија)

Изнесувањето на вистината со љубов и сочувство, влегувајќи од куќа во куќа, е во склад со упатството што Христос им го дал на Своите ученици кога ги испратил на нивното прво мисионерско патување.

Со песна на искрена благодарност кон Бога, со искрени и истрајни молитви и со едноставно излагање на вистината во семејниот круг, може да се допре до срцата на многумина. Светиот Дух и Божјите ангели ќе бидат присутни да ги осведочат срцата на слушателите. А Христос ветува: „Јас Сум со вас во сите дни.“ (Матеј 28:20; Библија) Сигурни во постојаното присуство на таквиот Помошник, можеме да работиме со надеж, вера и храброст.

Оние кои имаат дар за пеење, потребни се во Божјето дело. Песната е едно од најуспешните средства за духовните вистини да се втиснат во срцето. Со зборовите на светите песни често се отвараат долго запечатените извори на покајание и вера.

Членовите на црквата, и млади и стари, треба да учат да ја објавуваат оваа последна порака до светот. Ако појдат во понизност, Божјите ангели ќе одат со нив, учејќи ги како да пејат, како да се молат и како да ја објавуваат пораката на Евангелието за оваа време.

Учете се да ги пеете наједноставните песни. Тоа ќе ви биде од голема помош во работата од куќа до куќа, и срцата ќе бидат допрени под влијание на Духот Свети.

Христовиот глас често се слушал во песна и оддавање благодарност на Бога. Тој на таков начин ја изразувал радоста на Своето срце. Од записите на Божјата Реч дознаваме дека меѓу небесните ангели постои голема радост кога ќе се покае еден грешник, и дека Господ на Својата Црква ѝ се радува преку песна.

Кога ќе појдете од место до место да ја ширите вистината за љубовта на Спасителот, како и првите Христови ученици, ќе имате пријатели и ќе ги видите плодовите на својата работа.

Pin It on Pinterest