МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(19 – 25 aприл: Користење на примените таленти)

„Возљубен мој, не угледувај се на злото, туку на доброто. Кој прави добро од Бога е.“ (3-то Јованово 11; Библија)

Своите таленти со коишто Бог ги дарувал, младите можат да ги умножуваат на многу начини за да допринесат за ширењето и напредувањето на Неговото дело, и не за да се истакнуваат себеси, туку да се прослави Бог.

Христос, како Величество на небото и Цар на славата, се сложил на неизмерната жртва, доаѓајќи на овој свет за да го воздигне и облагороди човечкиот род. За тоа читаме: „И помина правејќи добро.“

Тој има едно лозје во кое на секому му се дава можност да направи некое добро дело. Неволни на кои им е потребна помош има насекаде.

Студентите со добро одбрани зборови, кажани во вистинскиот момент можат да делуваат благотворно на срцата на оние, коишто мораат физички да работат. Тоа нема да понижи никого од вас, туку ќе ви донесе Божјо одобрување. Тоа ќе претставува мудра употреба на талентите кои ви се доверени. На тој начин, вие, своите таленти, ставајќи ги во оптек ќе ги умножите.

Наша должност е секогаш да настојуваме да правиме добро, на тој начин што младите ќе ги насочуваме, својата, од Бога дадена, сила на своите мускули и мозок да ја користат на благослов и добро на другите: правејќи ги нивните мачни напори полесни, тешејќи ги ожалостените, подигајќи ги обесхрабрените, упатувајќи зборови на утеха на безнадежните, одвраќајќи ги мислите на останатите студенти од недолични шеги и од такви забави коишто често ги наведуваат да ги пречекорат границите на достоинството, понижувајќи и срамејќи се едни со други на тој начин. Господ сака умот на младите да се воздигне и облагороди, тежнеејќи постојано да бидат што подобри и што покорисни.

Вистински луѓе се оние кои што се секогаш подготвени своите интереси да ги жртвуваат за доброто на другите и кои што вистински сочувствуваат со неволните и обесхрабрените. Секоја склоност и подготвеност да се направи добро претставува Божји дар. Сета слава за промислените и добри постапки на човечките орудија Му припаѓа на Бога.

Pin It on Pinterest