МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(25 – 31 октомври: Водството на ангелите во мојот живот)

„Не се ли тие сите службени духови, испратени да им служат на оние, кои ќе го наследат спасението?“ (Евреите 1:14; Библија)

Радосната порака забележана во посланието до Евреите 1:14 ни е упатена на сите нас. Целото ова поглавје претставува чудесно охрабрување за секоја искушувана и напатена душа. „А кому од ангелите некогаш Му рекол: ‘Седни Ми оддесно додека не ги положам Твоите непријатели за подножје на Твоите нозе?’ Не се ли тие сите службени духови, испратени да им служат на оние, кои ќе го наследат спасението?“ (Евреите 1:13.14; Библија) Овие пораки допираат сѐ до нашите денови и се однесуваат за сите оние кои треба да бидат наследници на спасението. Ангелите навистина доаѓаат на овој свет и не секогаш се невидливи. Тие понекогаш ќе го сокријат својот ангелски изглед и се појавуваат како луѓе, и така разговарајќи со човечките суштества тие ги просветлуваат.

Кога некои ќе се најдат во тешка ситуација и треба да донесат судбоносна одлука, ангелите се соединуваат со вистинските и искрени Христови слуги и им притекнуват на помош на таквите души.

Кога во ширењето на евангелието, улогата којашто им е дадена на луѓето, би ја превзеле ангелите, тогаш сигурно не би останале цели области во мрак и во сенката на смртта. Делото би се ширело многу брзо како што е и прикажано во Библијата со ангел кој лета посреде небото објавувајќи го вечното евангелие на сите жители на земјата. Но, Господ во тој поглед не прави ништо без соработка со човекот. Кога човечките орудија би можеле да видат и слушнат колку многу ангелите се интересираат за луѓето, какви ли апели би биле упатувани и со какви ли зборови би им го пренесувале на другите она со што ги задолжило небото! Бог ја покажал Својата љубов правејќи ги Свои соработници во делото на спасувањето. Од сите кои примиле небесно вдахновение со право се очекува да го шират Евангелието. „Ние сме Му соработници на Бога“, повикани како гласници на љубовта да Го претставиме пред светот. Ние треба да соработуваме во делото на небесните посланици. Од припадниците на Својот народ, Бог очекува, светлината којашто Тој им ја праќа преку небесните ангели, да му ја пренесат на светот.

Pin It on Pinterest