МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(23 – 29 август: Дефиниција на чистата вера)

„Затоа, додека имаме време, да им правиме добро на сите, а најмногу на оние кои припаѓаат на нашето семејство по вера.“ (Галатјаните 6:10; Библија)

Христос на Својата Црква во посебна смисла ѝ ја доверил грижата за своите сиромашни членови. Тој дозволува во секоја црквичка секогаш да има и по некој сиромашен верник; и Тој членовите на црквата лично ги смета за одговорни да се грижат за таквите свои браќа.

Како што членовите на една верна фамилија се грижат едни за други, им служат на болните, ги потпомагаат слабите, така нека и оние кои се домаќини во верата, меѓусебно ја сносат грижата за немоќните и оние кои се во оскудица.

Должност на секоја и најмала црква е совесно и разумно да води грижа за сиромашните и болните во својата средина.

Секое занемарување од страна на оние, кои тврдат дека се Христови следбеници, да ги задоволат потребите на братот или сестрата притиснати од тешкото бреме на сиромаштијата и потиштеноста, во небесните книги се бележи како тоа да му е направено на Самиот Исус во лицето на Неговите свети. Многумина, навистина многумина од оние кои на другите им проповедаат за Христа, но немаат сочувство кон своите браќа во верата, кои во материјален поглед се помалку среќни од нив, ќе полагаат многу тешка сметка пред Бога.

Вистинскиот христијанин е секогаш наклонет кон сиромашните. Тој со својот збунет и несреќен брат секогаш постапува нежно како со штотуку изникната и многу чувствителна билка.

Бог сака Неговите работници да одат помеѓу болните и напатените како весници на Неговата љубов и милост. Тој сака, ние, еден со друг, да постапуваме онака како што Христос постапува со Своите, било тие да се високи или ниски, богати или сиромашни, слободни или робови.

Во поглед на сиромашните што Му припаѓаат на Господа не смее да се поставува никакво прашање. Ним мора да им се укаже помош секогаш кога тоа е потребно за нивно добро.

Pin It on Pinterest