МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(26 – 31 јули: Рекреација и разонода)

„Сине мој, ако грешниците те мамат, не се согласувај… Сине мој, не оди со нив на пат, тргни ја ногата од нивните патеки.“ (Пословици 1:10-15; Библија)

Забавите и проводите, со цел за разонода, ја спречуваат работата на Светиот Дух повеќе отколку било што друго, и тоа Го жалости Господа.

Оние коишто се преправаат дека се верни и имаат само површно христијанско искуство со задоволство ги посетуваат собирите за забава и задоволство, а со своето влијание ги привлекуваат и другите.

Понекогаш младите момчиња и девојки коишто се трудат да бидат вистински христијани се согласуваат да му се придружат на едно такво друштво. Не сакајќи да изгледаат настрани, а природно склони да се поведуваат по примерот на другите, тие се ставаат под влијанието на таквите чиј ум и срце никогаш не биле допрени со божествена милост.

Доколку по пат на молитва ги проучувале божествените мерила со желба да дознаат што учи Христос за родовите на христијанското стебло, би сфатиле дека таквите приредби всушност се банкети со коишто непријателот сака да ги задржи оние коишто се повикани на свадбената вечера на Јагнето Господово.

Се случува, посветувајќи ги таквите места со цел за забава, младите, коишто внимателно го проучувале Господовиот пат, да подлегнат на примамливото световно влијание и да се спријателат со оние коишто потполно го прифатиле воспитувањето и навиките на овој свет. Соединувајќи се со оние коишто ги немаат украсите на Христовиот дух, тие се продаваат во доживотно ропство.

Вие ќе бидете повикани на места за забава и уживање. Ако навистина сте Му верни на Христа, нема да се трудите да најдете некој изговор за своето неприсуство, туку отворено и учтиво ќе изјавите дека како Божји деца имате свои начела според кои, дури ниту еден единствен пат не можете да бидете на некое место каде што не би можеле да го почувствувате Христовото присуство.

Бог сака ние како Негов народ со својот живот да ја покажеме вистинската предност на христијанството над световноста, да покажеме дека се раководиме според возвишени и свети начела.

Pin It on Pinterest