МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(4 – 10 октомври: Стравопочит во мојот живот)

„Бог е стравичен во собранието на светите, велик и страшен за сите околу Себе.“ (Псалм 89:7; Библија)

Друга драгоцена доблест којашто треба грижливо да се негува е стравопочитта. Вистинското стравопочитување кон Бога потекнува од спознавањето на Неговата неограничена величина и свеста за Неговото присуство. Срцето на секое дете треба да биде длабоко импресионирано за свеста за Невидливиот. Детето треба да се научи да го почитува времето и местото за молитва и заедничко богослужение, и тоа да го смета за свето затоа што овде е присутен и Самиот Бог. Кога стравопочитта се искажува преку однесување и став, се продлабочува и чувството коешто ја разбудило.

Би било добро, и за младите, и за старите, оние зборови од Светото писмо кои покажуваат како треба да се почитува местото кое Бог го почестил со Своето присуство, да ги проучуваат, повторуваат и често да размислуваат за тоа.

„Собуј ги обувките од своите нозе“, му наредил на Мојсеја покрај грмушката што горела на гората Хорив, „оти местото каде што стоиш е света земја“. (Излез 3:5; Библија)

И Јаков, гледајќи ги во визија Божјите ангели, извикнал: „Навистина Господ е на ова место, а јас не знаев!“ (Битие 28:16; Библија)

Понизност и стравопочитување треба да се огледуваат во однесувањето на сите оние кои стапуваат во Божјо присуство. Ние можеме пред Бога да излеземе со полна доверба во Христово име, но не смееме да Му се приближуваме со дрско престапување на дозволеното, како Тој да ни е рамен на нас. Има и такви кои на големиот, семоќниот и светиот Бог, Кој се наоѓа во несфатлива светлина, Му се обраќаат како на некој кој им е рамен на нив, па дури и понизок од нив. Тие во Неговиот дом се однесуваат послободно отколку што би се однесувале во приемната просторија на некој земски властодржец. Таквите би морале да имаат на ум дека се наоѓаат во присуство на Оној на Кого што Му се поклонуваат серафими и пред Кого што ангелите си ги покриваат своите лица. На Бога треба да Му се приоѓа со најголемо стравопочитување, и сите оние кои што навистина го сфаќаат Неговото присуство, понизно ќе се поклонат пред Него.

Pin It on Pinterest