МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС
(6 – 12 декември: Исполнување на ветувањата за вечниот живот)
„Ќе се вратат избавените од Господ, ќе дојдат на Сион со радосни извици; и вечна радост ќе биде над нивната глава; тие ќе најдат радост и веселба, а жалоста и воздишката ќе си заминат.“ (Исаија 35:10 ; Библија)
Токму на полноќ Бог ја открива Својата моќ да го ослободи Својот народ. Сонцето се појавува во целиот свој сјај. Знаци и чуда се редат брзо едно по друго. Непокајаните ги гледаат овие призори со страв и запрепастување, додека пак праведниците со свечена радост ги набљудуваат знаците на своето ослободување.
Во природата изгледа како сѐ да излегло од својот вообичаен ред. Мрачни, тешки облаци се трупаат и се удираат помеѓу себе. Среде разгневеното небо се гледа едно место на неопишана слава од каде што допира Божјиот глас сличен на звук на многу води, говорејќи: „Се сврши!”
Овој глас го потресува и небото и земјата. Настанува страшен земјотрес каков што „никогаш не бил откако луѓето се на земјата, толку тресење, толку сила.” Небесниот свод се отвара и повторно се затвора. Славата на Божјиот престол, кој се покажува на моменти, изгледа како светкање на молња. Планините се тресат како трската на ветрот, додека распарчени карпи паѓаат на сите страни. Гробовите се отвараат „и мнозина од оние кои спијат во правот земски ќе се разбудат, едните за вечен живот, а другите за вечен прекор и срамота.” (Јован 5:29 ; Библија) Сите оние кои умреле верувајќи во третата ангелска вест излегуваат прославени од своите гробови, и заедно со оние кои што го извршувале Божјиот Закон, го слушаат заветот на Божјиот мир.
Потоа од небото ќе се чуе Божјиот глас како го најавува денот и часот на Христовото доаѓање и го потврдува вечниот завет со Својот народ. Како одек на најсилен грмеж се прекршуваат Неговите зборови со земјата, кои што припадниците на Неговиот народ ги слушаат со погледот вперен нагоре.
Нивните лица се озарени од Неговата слава и блескотат како лицето на Мојсеј кога се симнувал од Синајската гора. Безбожниците не можат да ги гледаат. Низ земјата се разнесува силен победнички извик додека над оние што Го почитувале Бога со светкување на Неговата света сабота се изрекува вечен благослов.