МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(6 – 12 септември: Примери на посветен живот)

„Даниел одлучи во срцето дека нема да се оскверни со царските јадења и со виното од неговиот стол, па го замоли дворскиот старешина да го поштеди да не се оскверни.“ (Даниел 1:8, Библија)   

Животот на Даниел претставува вдахновена илустрација за она што го сочинува еден посветен живот. Тоа претставува голема поука за сите нас, а особено за младите. Строгото потчинување на Божјите барања е благотворно за здравјето и на телото и на душата. За да се достигне највисокиот критериум на морал и интелектуални достигнувања, неопходно е да се бара мудрост и сила од Бога и строго да се придржува до умереност во сите животни навики.

Во искуството на Даниел и неговите другари имаме изразит пример во којшто начелото извојувало победа над искушението да му се попушти на апетитот. Тоа покажува дека младите, благодарејќи на верските начела можат да извојуваат победа над барањата и желбите на телото и да останат верни на Божјите барања, дури и по цена на големи жртви. Даниел навистина бил верен Божји слуга. Неговиот долговечен живот бил исполнет со благородни дела во служба на Создателот. Неговата вистинска големина се манифестирала како во чистотата на неговиот карактер и непоколебливата поштеност, исто така и во неговата искрена понизност и кротост пред Господа. Повторно нагласувам:  животот на Даниел претставува вдахновена илустрација на вистинска посветеност.

Било каде да се најдат, оние коишто се вистински посветени, ќе го воздигнуваат моралниот критериум, држејќи се до исправните животни навики и претставувајќи – како и Даниел во свое време – пример за другите во умереноста и самоодрекувањето.

Колку грижливо би требало христијаните да ги регулираат своите животни навики за да би можеле да ги одржат сите свои способности во најдобра кондиција и за да би можеле да ги посветат во служба на Христа!

Оној којшто ќе ја цени светлината којашто му ја дал Бог за здравствената реформа, со тоа ќе има значителна помош во делото на потполна посветеност со вистината и во припремата за вечен живот.

 

Pin It on Pinterest