МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(4 – 10 октомври: Стравопочит во мојот живот)

„Но тие им се потсмеваа на Божјите гласници, презирајќи ги Неговите зборови и подигрувајќи се со Неговите пророци.“ (2 Летописи 36:16; Библија)

Стравопочит треба да се покажува и кон Божјите претставници, кон проповедниците, учителите и родителите коишто се повикани да зборуваат и да делуваат во Негово име. Почитувајќи ги нив, Му укажуваме чест и на Самиот Бог.

Воспитувањето и образованието на младите треба да биде од таков карактер да го воздигнува она што е свето и да поттикнува чиста верност кон Бога и Неговиот дом. Мнозина, коишто за себе тврдат дека се деца на небесниот Цар, немаат вистинска претстава за светоста на она што е вечно и непоминливо.

Ним ретко им се даваат поуки дека проповедникот е Божји пратеник, дека пораката што тој ја пренесува е пратена од Бога со цел за спасение на душите, и дека на сите оние коишто имаат предност да ја слушаат ќе им биде „животен мирис за живот, или смртен мирис за смрт“. (2 Коринтјаните 2:16; Библија)

Мнозина кога се враќаат од богослужението, од проповедта прават предмет за критика, одобрувајќи само по нешто, а осудувајќи го сето останато. Ако говорникот во текот на богослужението направи некоја говорна грешка, немојте да го спомнувате тоа. Зборувајте само за она што е добро.

Ако вистинската претстава за вистинското богослужение и вистинското стравопочитување не се втисне во мислите на слушателот, сѐ повеќе и повеќе ќе јакне склоноста она што е свето и непоминливо да се спушти на ниво на обичното и секојдневното, и оние коишто ја исповедаат вистината ќе претставуваат навреда за Бога и ругање за верата. Со своите ниски поими, тие нема да бидат во состојба да ја ценат чистотата и совршенството, каде што секое суштество покажува совршено стравопочитување кон Бога и Неговата светост.

Според Павловите зборови, должноста на Христовиот пратеник е секому да му ја предочи можноста за совршенство во Христа Исуса.

Pin It on Pinterest