МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(6 – 12 декември: Исполнување на ветувањата за вечниот живот)

„Отсега натаму ми е подготвен венецот на правдата, што ќе ми го даде во оној ден Господ, Праведниот Судија, и не само мене, туку и на сите, кои го возљубија Неговото јавување.“ (2 Тимотеј 4:8; Библија)     

Пред влезот во Светиот Град, Спасителот на Своите спасени следбеници им ги дели победничките одликувања и знаци на нивното царско достоинство. Блескотни редови во облик на совршен четитиаголник, прекрасно се редат пред својот Цар, Чијшто величествен лик високо се истакнува над светите и ангелите, а лицето Му зрачи со неискажана љубов и благонаклоност кон нив. Секој поглед на ова неброено мноштво е насочен кон Него, „како што мнозина беа вџашени, гледајќи во Него – толку ликот Негов беше обезличен повеќе, отколку на секој човек, и видот Негов – повеќе, отколку на синовите човечки“ (Исаија 52:14; Библија).

На главите на победниците, Христос со Својата десна рака ги става круните на славата. За секого е подготвена круна на која се наоѓа неговото лично име „ново име” и натпис: „Свет на Господа!“ Во раката на секој поединец се става победничко палмово гранче и блескотна харфа. А потоа, на знак на ангелот кој што дава тон, секоја рака вешто ги допира жиците на својата харфа измамувајќи од нив милни звуци кои се слеваат во богати и мелодични акорди.     

Секое срце го обзема неискажано одушевување и занес, а секој глас се воздига во песна на благодарност: „На Оној Кој што нѐ љуби и нѐ изми од гревовите наши со крвта Своја; и нѐ начини цареви и свештеници на Бога и на Таткото Свој, Нему слава во век и веков, амин.“  (Откровение 1:5.6; Библија)

О, каква радост, да Го гледаме Оној Кого Го љубиме, да гледаме во славата на Оној Кој толку многу нѐ возљуби што го даде и Својот живот за нас, да ги гледаме рацете што беа прободени за нас, а сега се испружени во знак на благослов и добредојде!     

Оние кои потполно ќе се предадат во Божјите раце, ќе Го гледаат својот Цар во Неговата убавина. Набљудувајќи ја Неговата неопишана привлечност, тие ќе го исполнат целото небо со песни на благодарност на Бога и Јагнето, и со милните звуци на своите харфи со прекрасна мелодија.

Pin It on Pinterest