МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(17 – 23 мај: Умереност во сè)

„Не се бои од снегот за своите домашни, зашто за сите деца има по две облеки.“ (Пословици 31:21; Библија)

Нашата облека, иако скромна и едноставна, треба да биде со добар квалитет, со прикладни бои и да одговара според работата што ја работиме. Повеќе внимание треба да се посвети на трајноста на материјалот и на самата облека отколку на фаленичкото расфрлање на нивниот изглед. Облеката треба да топли и добро да го заштитува телото. За мудрата и добродетелна жена Библијата вели: „Не се бои од снегот за своите домашни, зашто за сите деца има по две облеки.“ Нашето одело треба секогаш да биде чисто. Нечистотијата впиена во облеката е нездрава, и го загадува и телото и душата.

Нашата облека треба да биде прикладна и здрава во секој поглед. Повеќе од сѐ друго Бог сака да бидеме здрави – здрави, и со телото, и со душата. И ние треба да соработуваме со Него на зачувување и одржување на нашето физичко и духовно здравје. Здравата облека го потпомага и едното и другото.

Начинот на облекување треба да биде одраз на смислата за убавина, прикладност и природна едноставност. Христос нѐ предупредува да се чуваме од гордоста на овоземскиот живот, но не и од неговата природна убавина. Укажувајќи на цвеќето во полето, на лилјаните како се развиваат во својата чистота, Тој рекол: „Ни Соломон во целата своја слава, не се облече како еден од нив.“ Така Христос со примерите од природата ја илустрира убавината која што небото ја цени: благодатта на скромноста, едноставноста, чистотата и прикладноста, што и нашата облека би ја направиле да Му биде Нему угодна.

Совршеното здравје зависи од совршената циркулација на крвта во организмот. Посебно внимание треба да се посвети на затоплување на крајните екстремитети, тие треба да бидат заштитени исто така добро како и градите и пределот околу срцето.

Нека нашите сестри се облекуваат едноставно, како што тоа многумина од нив и го прават, обрнувајќи повеќе внимание на квалитетот на материјалот, трајноста и прикладноста на облеката, и тогаш прашањето за облеката многу помалку ќе го обзема умот.

Pin It on Pinterest