„Дојдете кај Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам…
Зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно.“
(Матеј 11:28,30 ; Библија)

Под владеењето на благодатта подеднакво е лесно да правиме она што е исправно, како што под владеењето на гревот е лесно да правиме она што е зло. Тоа мора да биде така, бидејќи ако во благодатта нема повеќе сила отколку во гревот, тогаш не би можело да има спасение од гревот.

Но, сепак постои спасение од гревот. Никој кој верува во христијанството не може да го негира тоа. Спасението од гревот е утврдено со фактот дека во благодатта постои многу повеќе сила отколку во гревот. На друг начин и неможе да биде. Секаде каде што владее силата на благодатта, ќе биде лесно да се прави она што е исправно.

Никој по природа никогаш не установил дека е тешко да се прави зло, затоа што човекот по природа е заробен во силата на гревот, која е апсолутна во своето владеење. И сè додека оваа сила преовладува, не само да е тешко, туку е и невозможно да правиме добро кое што ни е познато и кое што би сакале да го правиме. Но, ако надвладее помоќна сила од оваа, зарем тогаш не е јасно дека исто така ќе биде полесно да служиме на таа помоќна сила, како што сме служиле на волјата на првата сила, додека таа владеела?

Но благодатта не е само посилна од гревот. Кога тоа би било сè, дури и тогаш тоа би било радосна вест за секој грешник на светот. Но, во благодатта има многу повеќе сила одтколку што има во гревот. Бидејќи „каде што гревот се зголеми, таму благодатта се излеа преизобилно“ (Римјаните 5:20). Според тоа, има (многу) надеж за секој грешник на светот.
Од каде доаѓа благодатта? Од Бога. „благодат ви вам … од Бога, нашиот Татко, и од Господа Исуса Христа“ (1-во Коринтјаните 1:3). Од каде доаѓа гревот? Се разбира, од ѓаволот. Јасно е како сонце дека во благодатта има повеќе сила отколку во гревот, како што има повеќе сила во Бог отколку во ѓаволот.

Pin It on Pinterest