„Зашто тоа, што му беше невозможно на Законот, зашто беше слаб заради телото, Бог го изврши: испраќајќи Го – заради гревот – Својот Син во обличје слично на грешното тело и, поради грев, го осуди гревот во телото“ (Римјаните 8:3 ; Библија)

Немојте погрешно да ја сфатите идејата која е изразена во зборот „обличје“. Не се работи за облик, ниту за фотографија во смисла некоја слика, туку за обличје во смисла на еднаквост (истоветна природа). Се работи за обличје на природата, обличје на телото. Да би било како грешно тело, би требало да има грешно тело; да би можело  воопшто да постане тело какво што е во овој свет, требало да биде токму онакво какво што е во овој свет, тело какво што ние имаме, а тоа е грешно тело. Тоа е она што е речено во изразот „во обличје на грешно тело“.

Тој (Исус) не зел ангелска туку Авраамова природа. „Зашто Му прилегаше Нему, заради Кого е сè и преку Кого е сè, откако приведе многу синови во слава, преку страдањата да Го усоврши Началникот на нивното спасение“ (Евреите 2:10 ; Библија). За Него тоа било прикладно да го направи. А кои се Негови браќа? Човечкиот род. Бидејќи сме сите од Еден, Тој не се срами вас и мене да нè нарече браќа.

Како Христос можел да биде „подложен на слабости“ (Евреите 5:2), а да не го познае гревот? Некои можеле читајќи до овде да помислат дека го потценуваме Исусовиот карактер кога го спуштаме на ниво на грешен човек. Напротив, ние всушност го возвишуваме благословениот Спасител кој доброволно се спуштил на ниво на грешен човек, да би можел да го возвиши човекот до нивото на својата сопствена чистота (која што е без мана), а која ја сочувал и покрај најтешките околности.

Pin It on Pinterest