8 Браќа, пазете некој да не ве заведе со филозофија и со празна измама што се потпира на човечкото предание, на стихиите на светот, а не по Христос; 9 зашто во Него телесно живее сета полнота на Божеството, 10 и вие да бидете исполнети во Него, Кој е глава на секое началство и власт;
(Колсјаните 2:8-10 ; Библија)

„Во него телесно живее сета полнота на Божеството“ (Колосјаните 2:9) и Тој вас ве зајакнува со сила преку Неговата славна моќ, да се утврдите преку Неговиот Дух во внатрешниот човек, та преку вера да се всели Христос во вашите срца „да се исполните во целата Божја полнота“ (Ефесјаните 3:19).

Навистина, Христос земал учество во божествената природа, а исто и вие, доколку сте Негово дете по ветувањето, а не само (дете) по тело. Спрема ветувањата вие сте соучесници во божествената природа.

[НАПОМЕНА: Постои разлика помеѓу божествената природа и божествената суштина. Додека сите можеме да имаме удел во божествената природа т.е. во  благодатта и несоздадените енергии на Светиот Дух, дотогаш само три Лица (Отецот, Синот и Светиот Дух) имаат удел во божествената суштина и сите нејзини атрибути. – забелешка на www.blagodativistina.mk ]

Нему на овој свет ништо не му е дадено и Тој немал ништо на овој свет што не би било слободно дарувано и вам и што не би можеле и вие да го имате.

И сето тоа е за:

да би оделе во нов живот;
да отсега повеќе не служете на гревот;
да можете да бидете слуги исклучиво на праведноста;
да би можеле да бидете ослободени од гревот;
гревот да не владее повеќе со вас;
да би можеле да го прославите Бог на земјата;
и да можете да бидете налик на Исуса.

И затоа „секому од нас му е дадена благодатта според мерката на Христовиот дар… … додека сите не дојдеме до единството на верата и на познавањето на Божјиот Син, до совршениот човек, до полната мерка на Христовиот раст“ (Ефесјаните 4:7,13)

И јас вас ве молам „да не ја примате напразно Божјата благодат“ (2-ро Коринтјаните 6:1).

Pin It on Pinterest