„А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете се за оние, кои ве гонат;  за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата… …И така, бидете совршени, како што е совршен вашиот небесен Татко.” (Матеј 5:44,45,48).

Господ сака да бидеме совршени и затоа е напишано: „бидете совршени, како што е совршен вашиот небесен Татко“. Тој на секому од нас му ја дал сета благодат која ја има, донесувајќи полнота на своето спасение, да секој би можел да биде прикажан совршен во Исус Христос. Самата цел на овој дар на Неговата бескрајна благодат е да можеме да бидеме како Исус, кој е слика на Бог. Напишано е: „А секому од нас му е дадена благодатта според мерката на Христовиот дар…  …додека сите не дојдеме… … до состојба на совршен човек, до мера на возраста на Христовата полнота“ (Ефесјаните 4:7,13).

– Сакате ли да наликувате на Исуса?

Тогаш примете ја благодатта која Тој потполно и бесплатно ви ја дал.
Примете ја во мерата во која Тој ви ја дал, а не во мерата во која мислете дека ја заслужувате.
Покорете ѝ се за да би можела да делува во вас и на вас, остварувајќи ја чудесната намера поради која ви е дадена и таа тоа ќе го направи.

Таа ќе направи да даликувате на Исус. Таа ќе ја оствари намерата и желбата на Оној кој ја дал. „Препуштете Му се на Бога“ (Римјаните 6:13)

Нека никој што тврди дека е христијанин, не гледа на своето сопствено несовршенство и нека не говори дека е невозможно за христијанинот да живее безгрешен живот. За правиот христијанин, оној кој е полн со вера, невозможно е да живее било каков друг живот.

Ние, кои сме умреле за гревот, како да живееме во него уште? (Римјаните 6:2)

Pin It on Pinterest