Видовме дека моќта што ја поседува Божјото слово е доволна, само со кажување на тоа слово да создаде светови. Исто така е доволно, сега кога им се зборува на луѓето, да се создадат одново во Христа Исуса, за секој оној што го прима тоа слово.

Во осмото поглавје на Матеј, поврзано со ова „се приближи до Него еден стотник и Го молеше говорејќи: ‘Господи, слугата мој лежи дома фатен и многу страда.’ Исус му рече: Ќе дојдам и ќе го излекувам. А стотникот одговори и рече: ‘Господи, не сум достоен да влезеш под мојот покрив; но кажи само збор и слугата мој ќе оздрави;’ … И му рече Исус на стотникот: ‘Оди си и, нека ти биде според верата твоја!’ И слугата негов во истиот час оздраве.“

Сега, што е тоа што очекувал стотникот да го излечи неговиот слуга? Било „само збор“, што Исус требало да го изговори. И откако беше кажан зборот, од што зависеше стотникот – во што ја гледаше лековитата сила? Тоа било „само зборот“. Тој не барал Господ да го направи тоа на некој начин, освен со зборот. Не. Тој го слушна зборот: „Нека ти биде според верата твоја!“ Тој го прифатил тој збор, Божјото Слово, како вистина, и очекувал и се потпрел на него, за да го постигне кажаното. „Така и стана.“ И тоа слово е Божјото Слово денес, исто како и во денот кога било првично изговорено. Тоа нема загубено ниту една од неговите сили, зашто тоа слово „живее“ и „останува засекогаш.“

Повторно во Јован 4,46-52 се споменува како некој благородник чиј син бил болен во Капернаум, пристигнал кај Исус во Галилејската Кана „и Го замоли да слезе и да му го излекува синот, зашто беше на умирање. А Исус му рече: ‘Ако не видите знаци и чуда, нема да поверувате.’ Царскиот човек Му рече: ‘Господи, дојди додека уште не ми умрело детето!’ А Исус му одговори: ‘Оди си! Твојот син е жив!’ И човекот поверува на зборот што му го кажа Исус и си замина. И веднаш, уште додека слегуваше, го сретнаа слугите негови и му јавија: ‘Синот твој е жив!’ А тој ги праша за часот кога му станало полесно. Тие му одговорија: ‘Од вчера во седмиот час веќе нема треска.’ Тогаш таткото разбра дека тоа станало во истиот час кога Исус му рече: ‘Твојот син е жив!’“

Ова е моќта на Божјото Слово врз човекот кој го прима словото како што е, во вистината. Ова е моќта која „дејствува во вас, кои верувате.“ Ова е начинот на кој Божјото Слово го исполнува она, што Му е угодно, во оние кои ќе дозволат истото да пребива во нив. Забележете дека во двата случаи тоа било постигнато токму во времето кога зборот бил кажан. Забележете исто така дека болните не биле во непосредна близина на Исуса, туку на некое далечно место – во вториот случај, болниот бил оддалечен најмалку еден ден пат, од местото каде што Исус говорел со благородникот. Сепак, веднаш оздравел кога зборот бил кажан. И тој збор е жив и полн со моќ денес, исто како тој ден, за секој оној кој го прима како што било направено тој ден. Верата е да се прифати тој збор како Божјо слово и да се потпре на него за да го оствари кажаното. Тоа го знаеме од стотникот, зашто кога рекол:„Кажи само збор и мојот слуга ќе оздрави“ и “Штом го слушна тоа, Исус се зачуди и кога се заврте кон народот, што врвеше по Него, рече: ‘Ви велам, ни во Израел не најдов толку голема вера!’“ Дозволете Му сега да ја најде насекаде во Израел.

Исус му вели на секој од нас: „Вие сте веќе чисти преку словото, што сум ви го проповедал.“ Преку словото ова чистење и се прави. Господ не предлага да ве очисти на каков било начин, освен преку Неговото слово, преку зборот што Тој го кажал. Таму и само таму треба да ја барате моќта која чисти, прифакајќи го Божјото слово како што е, во вистина, кое ефективно делува во вас и ја остварува Неговата волја. Тој не предлага да ве направи чисти освен со моќта која пребива во Неговите чисти зборови.

Еден лепрозен му рекол на Исус: „Ако сакаш, можеш да ме очистиш.“ Исус застанал и рекол: „Сакам! Очисти се! И тој веднаш се очисти од лепрата.“ Дали тагувате под лепрата на гревот? Дали сте рекле или ќе речете сега: „Господи, ако сакаш, можеш да ме очистиш.“ Одговорот за вас сега е: „Сакам! Очисти се!“ И „веднаш“ ќе се очистиш, исто како и другиот лепрозен. Верувај во словото, и фали го Господ за неговата сила која чисти. Не верувај за лепрозниот таму; верувај за себе овде, сега, веднаш. Зашто словото е за вас сега: „Очисти се!“ Прифатете го, како и оние од порано, и тоа веднаш ќе дејствува ефикасно во вас по добрата волја на Таткото.

Нека сите кои се нарекоа со името Христово, го примаат Неговото слово денес, бидејќи навистина тоа е Божјо слово и потпирајќи се на тоа слово за да го изврши кажаното. Тогаш, како што Христос ја засака црквата и се предаде Себеси за неа, „за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку словото; та да ја претстави пред Себе како славна Црква, која нема осквернување, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна“, така ќе биде и сега на слава Божја.

A. T. Jones
Advent Review and Sabbath Herald, Oct. 27, 1896

Pin It on Pinterest