Alozo. T. Jones
Објавени во продолженија во списанието „Review and Herald“
2.4 Лекции за верата (четврти дел) – 10 јануари 1899.

Знаењето за тоа што Библијата сака да каже кога ни укажува на неопходноста да гаиме вера, е многу посуштинско од секое друго знаење кое можеме да го стекнеме.

Во Светото Писмо не е напишано многу за потребата да имаме вера, но од друга страна пак многу, многу е напишано за гаењето вера.

Причината за тоа е што на сите луѓе им е дадена почетна вера, па сè што треба да прават е да ја негуваат. Никој не може да има повеќе вера од онаа што веќе му е дадена, без да ја негува таа вера која веќе му е дадена. А на луѓето не им е познато ништо друго што така брзо расте како вера кога се гаи – „верата ваша необично многу расте“ (1-во Солунјаните 1:3)

Вера е очекување дека зборот Божји самиот ќе го оствари тоа што го кажува и потпирање само на зборот дека ќе го оствари тоа што го кажува. Гаењето доверба во зборот Божји дека „само збор“ ќе го оствари она што го кажува, е всушност гаење вера.

Верата е „Божји дар“ (Ефесјаните 2:8) и во Светото Писмо е јасно кажано дека е дадена на секого. „според мерата на верата, која Бог му ја доделил секому“ (Римјаните 12:3). Оваа мера на верата која Бог секому му ја доделил е капитал со кој Бог го дарувал за почеток „секој човек, што доаѓаше во светов“ (Јован 1:9) и од секого се очекува да тргува со тој капитал – да го гаи – за спасение на својата душа (за спасение на себеси).

Не постои опасност дека овој капитал може да се намали преку негова употреба. Напротив, ако го користиме тој ќе се умножи. Ќе расте многу. И како што тој расте, осигурани се Господовата праведност, мир и радост сè до потполното спасување на човекот.

Повторуваме: верата доаѓа од Божјиот збор. Затоа е запишано: „’Блиску до тебе е словото, во твојата уста и во твоето срце’, односно словото на верата, што го проповедаме“ (Римјаните 10:8). Така верата, самото слово на верата, е во устата и во срцето на секој човек.

Како може да биде тоа? – Еве како: Кога првиот пар во градината направил грев, тие целосно поверувале на сатаната. Тие целосно се дале себеси на сатаната; биле целосно заробени од него. И тогаш постоел совршен договор и мир помеѓу нив и сатаната. Но Бог не допуштил така да остане. Бог го раскинал тој договор, го уништил тој мир. А тоа го направил со својот збор, кога му рекол на сатаната: „Јас ќе поставам непријателство помеѓу тебе и жената, помеѓу твоето семе и Нејзиното Семе“ (Битие 3:15).

Само Бог може постојано да поставува непријателство помеѓу семето на жената и семето на змијата. После престапот на човекот неговата природа постанала зла и тогаш владеел мир помеѓу сатаната и паднатиот човек. Ако Бог не се вмешал луѓето би направиле сојуз против небото, и наместо меѓусебно војување, тие би војувале само против Бог. Не постои вродено непријателство помеѓу паднатите анѓели и паднатите луѓе. И едните и друѓите се зли како резултат на отпадот, а злото, каде и да постои, секогаш ќе склучи сојуз против доброто. Паднатите ангели и паднатите луѓе се здружуваат. Лукавиот генерал на паднатите ангели пресметал, дека ако може да ги наведе луѓето да се придружат на побуната, како што ги навел и ангелите, тие ќе бидат негово оружје да, во комуникација со други луѓе, се здружат во побуната против небото. Штом некој се одвои од Бога, тој не поседува сила за непријателство према сатаната. Непријателството помеѓу човекот и сатаната на земјата е поставено натприродно. Ако на човечкото срце секојдневно не делува Божјата сила за обратување, нема да постои склоност некој да биде религиозно наклонет, наместо тоа луѓето би одбирале да бидат сатански заробеници наместо слободни луѓе во Исус Христос. Велам Бог ќе постави непријателство. Човекот неможе да го постави. За човековата волја да би се покорила на Божјата волја, тоа мора да се случи преку наклонетоста на човекот за неговото срце и волја да бидат на Господова страна.

Ова непријателство спрема сатаната, оваа омраза спрема злото, која Бог со својот збор ја става во секој човек, предизвикува секоја личност да тежнее за избавување, а тоа избавување се наоѓа само во Исус Христос. (Римјаните 7:14-25).

Спрема тоа, овој Божји збор, кој во секој човек всадува непријателство спрема сатаната, оваа омраза спрема злото која бара избавување, која се наоѓа само во Исус Христос, е дарот на верата во луѓето. Тоа е „мерата на верата“ (Римјаните 12:3) која Бог ја дал на секој човек. Тоа е „зборот на верата“ (Римјаните 10:8), кој е во устата и во срцето на секој човек на светот.

„… словото на верата, која ја проповедаме. Зашто, ако со твојата уста исповедаш, дека Исус е Господ и ако во твоето срце поверуваш, дека Бог Го воскреснал од мртвите, ќе бидеш спасен. Зашто со срцето се верува за праведност, а со устата се исповедува за спасение.“ (Рим. 10:8-10).

Затоа немој во своето срце да речеш: Кој би се воздигнал на небото и би ни ја земал и донел? Ниту пак немој да кажеш: Кој од нас би се симнал во длабочината, или  Кој би отишол далеку да најде вера и да ни ја донесе? – Затоа што „блиску до тебе е словото, во твојата уста и во твоето срце, односно словото на верата, што го проповедаме.“ (Второзаконие 30:11-14; Римјаните 10:6-8)

Кажете го тоа и покажете ја таа вера која Бог ви ја дал вам и на секој друг човек во светот, затоа што разбирајќи како да покажеме вера е наука на евангелието.

(продолжува)

Pin It on Pinterest