„Сè што не е според верата, грев е.“ Римјаните 14,23.

„И така, оправдани,“ – напревени праведни – „преку верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ, Исус Христос.“ Римјаните 5,1.

Не преку делата, туку преку верата луѓето ќе бидат спасени. „Зашто по благодат сте спасени преку верата; и тоа не е од вас – туку дар Божји! Не е од дела, за да не се пофали некој. Ефесјаните 2,8.9.

„Каде е, пак, пофалбата? Таа е исклучена. Според кој закон? Дали според оној на делата? Не, туку според законот на верата. Така ние заклучуваме дека човекот се оправдува со верата, без делата на Законот.“ Римјаните 3,27.28.

Евангелието ја исклучува пофалбата, пофалбата е природна последица на сите обиди за оправдување преку дела; а сепак, евангелието не ги исклучува делата. Напротив, делата – добрите дела – се еден голем дел од евангелието. „Зашто ние сме Негова творба, создадени во Христос Исус за добри дела што Бог ги предодредил уште од порано да живееме во нив.“ Ефесјаните 2,10.

Овде нема ниту најмала контрадикција. Разликата е помеѓу нашите дела и Божјите дела. Нашите дела се секогаш грешни, додека Божјите дела се секогаш совршени. Па така, за да бидеме совршени, потребни ни се Божјите дела. Но, ние не сме способни да ги правиме Божјите дела, бидејќи Тој е неограничен, а ние сме ништо. За човек да помисли дека е способен да ги прави Божјите дела е највисоката претпоставка. Ние се смееме кога петгодишно дете си замислува дека може да ги прави делата на татко му. Колку повеќе е глупаво за малодушен човек да се гледа себеси дека може да ги извршува делата на Семоќниот.

Добрината не е апстрактна работа. Тоа е акција, а акцијата се наоѓа само во живи суштества. А бидејќи само Бог е добар, тогаш само Неговите дела би биле од некаква важност. Само тој човек кој ги има Божјите дела е праведен. Но, бидејќи никој не може да ги врши Божјите дела, од тоа мора да следи дека Бог мора да ни ги даде, како би биле спасени. Тоа е тоа што Тој го прави за секој кој верува.
Кога Евреите во својата самодоволност прашале: „Што да правиме за да извршуваме Божји дела?“ Исус одговорил: „Божјото дело е ова: да поверувате во Оној Кого Го испрати Тој.“ Јован 6,28.29. Верата работи. Галатјаните 5,6; 1. Солунјаните 1,3. Откако Христос ќе се всели во срцето, верата ги внесува Божјите дела во оние кои веруваат.(Ефесјаните 3,17), зошто во Него живее сета полнота на Божеството. Колосјаните 2,9. Исус Христос „е истиот и вчера и утре и во вечноста.“ (Евреите 13,8), и затоа Бог не само бил, туку и е во Христа, помирувајќи го светот со Себе. Значи, ако Христос преку вера престојува во срцето, Божјите дела ќе бидат манифестирани во животот, „зашто Бог е Оној Кој во вас прави да сакате и да дејствувате според Неговата добра волја. Филипјаните 2,13. Ова е надвор од нашите можности да сфатиме како е ова направено. Бидејќи ние не го правиме тоа, нема потреба да знаеме како се прави. Фактот дека е можно е доволен за нас. Не можеме да разбереме повеќе од тоа дека можеме да ги правиме Божјите дела. Па така, христијанскиот живот е мистерија, дури и на самиот христијанин. Тоа е живот сокриен со Христа во Бога. Колосјаните 3,3. Тој е сокриен и од видот на христијанинот. Христос во нас, надежта на славата, е мистеријата на евангелието. Колосјаните 1,27.

Во Христа ние сме создадени за добри дела кои Бог однапред ги одредил за нас. Ние само треба да ги прифатиме преку вера. Прифаќањето на тие добри дела, всушност е прифаќање на Христа. Пред колку време Бог ги предодредил тие добри дела за нас? „Неговите дела беа завршени уште при создавањето на светот. Зашто негде за седмиот ден е речено вака: „И во седмиот ден Бог се одмори од сите Свои дела.“ И на тоа место пак: „Не ќе влезат“- оние кои не веруваат – „во спокојот Мој.“ Евреите 4,3 -„А ние, кои поверувавме, влегуваме во Неговиот спокој.“

Затоа саботата, седмиот ден од седмицата, е Божјиот одмор. Бог ја дал саботата како знак преку кој луѓето ќе знаат дека Тој е Бог и дека Тој посветува. Езекиел 20,12.20. Држењето на саботата нема никаква врска со оправдувањето преку дела, туку спротивно од тоа, тоа е знак и печат на оправдувањето преку вера. Тоа е знак дека човекот се одрекува од своите грешни дела и дека ги прифаќа Божјите совршени дела. Бидејќи саботата не е дело, туку одмор, тоа е знак на одмор во Бога преку вера во нашиот Господ Исус Христос.

Ниту еден друг ден освен седмиот ден од седмицата не може да стои како знак на совршен одмор во Бога, бидејќи само во тој ден Бог се одморил од сите Негови дела. Одморот во седмиот ден е тој за кој Тој вели дека неверниците не можат да влезат. Од сите денови на седмицата, само тој е ден за одмор, и е нераздвојно поврзан со Божјите совршени дела.

Во сите други шест дена, вклучувајќи го и првиот ден од седмицата, Бог работел. Во тие денови можеме и треба да работиме. Сепак, во секој од нив, ние исто така можеме и треба да се одмориме во Бога. Ова ќе биде така ако нашите дела се „извршени во Бога.“ Јован 3,21 Значи, луѓето треба да се одмараат во Бога секој ден од седмицата, но само седмиот ден може да биде знак на тој одмор.

Две работи може да се забележат како очигледни заклучоци од веќе поставените вистини: дека поставувањето на друг ден наместо седмиот, како знак на прифаќање на Христа и на одмор во Бога преку Него, во реалноста е знак на отфрлање на Него. Бидејќи тоа е човеков пат кој е замена за Божјиот пат, кој всушност е знак на човековата претпоставка за супериорност над Бога и идејата дека човекот може да се спаси со своите дела. Не секој кој држи друг ден ја има таа претпоставка, под никакви околности. Има многумина кои со искреност го сакаат Господа и Го прифаќаат во понизност, кои држат друг ден од оној кој Бог го дал како одмор во Него. Но, тие едноставно го немаат научено целосното и правилното искажување на верата. Но, нивната искреност и фактот дека Бог ја прифаќа нивната непорочна вера, не го менува фактот дека денот што го празнуваат е знак на возвишеност над Бога. Кога таквите ќе го чујат Божјото милосрдно предупредување, тие ќе го остават знакот на отпадништво како куќа погодена од чума.

Другата поента е дека луѓето не можат да бидат принудени да ја пазат саботата, бидејќи тоа е знак на вера и никој не може да биде принуден да верува. Верата доаѓа спонтано како резултат на слушање на Божјото слово. Ниту еден човек не може на сила да се натера себеси да верува, уште помалку може да присили некој друг. Со сила, човековиот страв може да се разбуди до таа мерка, што тој би рекол дека верува, и дури би постапувал како да е верник. Со други зборови, секој човек кој се плаши од човек наместо од Бога, всушност е натеран да лаже. Но, „ниедна лага не доаѓа од вистината.“ Бидејќи саботата е знак на совршена вера, таа е знак на совршена слобода – „славното ослободување на чедата Божји“ – слободата која ја дава Духот за саботата, како дел од Божјиот закон, е духовна. Па така, никој нека не се мами со мислата дека надворешното почитување на Божјиот ден за одмор – седмиот ден – без вера, и доверба само во Божјото слово, е држење на Божјата сабота. Бидејќи „сè што не е според верата, грев е.“

Ellet J. Waggoner
„Библиско ехо“ („Bible Echo“), 17. август, 1896.

Pin It on Pinterest