Дебелината е една од најзастапените состојби/болести на 21-виот век и со неа се борат голем број на луѓе. Најчесто дебелината е последица на прекумерен внес на храна, намалена физичка активност и консумирање на индустриски преработена храна, а само мал дел од случаите на дебелина се поврзани со други фактори како што е генетиката и останатите метаболички пореметувања. За сите оние кои имаат проблем со вишок на телесна маса поради првите три наведени фактори, следуваат неколку совети за тоа како успешно да се изборат со вишокот на телесна маса.

  • Еден ден во неделата резервирајте го за овошје и зеленчук, т.е. за сирова храна. Тој ден јадете само овошје и зеленчук (малку јатки и семки, околу 100гр), а од течности консумирајте само вода.
  • Прескокнете ја доцната вечера или заменете ја со зеленчукова салата.
  • Од страна на течности пијте вода и само вода и тоа барем 1,5 до 2 литри на ден.
  • Јадете повеќе овошје и зеленчук, а помалку од останатата храна.
  • Грицките и слатките се нездрава храна.
  • Гответе ги оброците со помалку масло, маслото додавајте го на крај, не ги потпржувајте готвените јадења, а исто така редуцирајте ја количината на додаденото масло и во салатите.
  • Потрудете се да почнете со вежбање, барем едночасовно пешачење би било доволно за почеток.
  • Немојте секојдневно да застанувате на вага, ниту се здебеливте преку ноќ, па ниту ќе ослабнете преку ноќ, дајте си барем една недела за да се покажат резултати.
  • Откажете се од или минимизирајте ги висококалоричните производи и празните калории, т.е. високомасните млечни и месни производи и брзата храна.
  • Не го прескокнувајте појадокот со цел да внесете помаку храна во текот на денот, секогаш попаметно е добро да се појадува, а вечерата да биде таа која ќе се изостави.
  • Денот започнувајте го само со вода, или вода со некој додаток (лимон, ѓумбир, ленено масло/семе…)
  • Јадете за да живеете, а не живејте за да јадете!

Pin It on Pinterest