
Што претставува витаминот Б1?
Витаминот Б1, или уште наречен тиамин, е хидросолубилен (растворлив во вода) витамин кој припаѓа на групата Б витамини.
Функции во човековиот организам
- Учествува во процесот на претворање на јаглехидратите (глукозата) од храната во енергија
 - Потребен е и за правилен метаболизам на масти и протеини
 - Овозможува правилната функција на имуниот систем и добра дигестија (варење на храната)
 - Потребен му е на телото за продукција на соединението аденозин трифосфат (основна енергетска единица за нашите клетки)
 - Овозможува правилна работа на нервниот и мускулниот систем
 - Вклучен е во одржувањето на електролитниот баланс во телото
 
Симптоми на дефицит
Анорексија и брз губиток на телесна маса, слаб апетит, колитис, дигестивни проблеми, оштетување на нервниот систем, умор, слаба меморија, конфузија, иритабилност, мускулна слабост, апатија и депресија, кардиоваскуларни абнормалности.
Симптоми на предозираност
Со оглед на тоа што овој витамин е растворлив во вода, неговиот вишок во организмот се исфрла преку урината, па затоа до сега не се забележани случаи на предозираност и токсичност од овој витамин.
Во колкави количини ни е потребен витаминот Б1
| Новороденчиња | 0-6 месеци, 
 0,2мг/ден  | 
7-12 месеци, 0,3мг/ден | |
| Деца | 1-3 години,
 0,5мг/ден  | 
4-8 години, 0,6мг/ден | |
| Адолесценти | Момчиња 9-13години, 0,9мг/ден
 Момчиња и мажи над 14 години, 1,2мг/ден  | 
Девојчиња 9-13 години 0,9мг/ден
 Девојчиња 14-18 години 1мг/ден  | 
|
| Возрасни | Жени над 18 години, 1,1мг/ден | Трудници 1,4мг/ден | Доилки 1,5мг/ден | 
Која храна е најдобар извор на витаминот Б1* (вредностите за количината на витамин Б1, се дадени за 100гр од дадениот продукт)
| Сончоглед | 1,5 милиграми | 
| Леќа | 0,9 милиграми | 
| Грав | 0,8 милиграми | 
| Овес | 0,8 милиграми | 
| Грашок | 0,3 милиграми | 
| Јачмен | 0,2 милиграми | 
*Тиаминот исто така се синтетизира и од страна на нашата гастроинтестинална микрофлора (т.е. добрите бактерии во нашите црева можат да произведат витамин Б1).
					