Сигурно барем еднаш сте слушнале дека појадокот е најважниот оброк во денот и дека е голема грешка да се избегнува појадокот. Многумина обидувајќи се да ја намалат својата телесна маса не појадуваат, мислејќи дека така ќе внесуваат помалку храна во организмот. Овој став се коси со реалноста од причина што лицата кои не појадуваат, консумираат повеќе храна навечер, бидејќи организмот во попладневните часови го чувствува недостатокот од енергија и храна која требала да се внесе за појадок, така што можеби успешно ќе го применувате ова неколку дена, но понатаму нема да биде изводливо. Затоа појадокот секогаш е добар избор.

Најмалку 6 причини зошто секогаш треба да појадувате:

  1. Дијабетес. Изоставувањето на појадокот може да го зголеми ризикот од појава на дијабетес кај жените, покажале студии објавени во Американско списание за клиничка исхрана.
  2. Срцеви болести. Појадувањето е поврзано со намалена стапка на срцеви болести кај мажи на возраст од 45 до 82 години, било објавено во студија во списанието „Циркулација“.
  3. Меморија. Во студија објавена од Американската диететска асоцијација, извлечен е заклучок дека е многу веројатно појадокот да има влијание врз когнитивната функција на човекот која е поврзана со меморијата и резултатите на тестовите. Значи паметно е да појадувате.
  4. Намалување на вишокот телесна маса. Биле споредувани две групи, од кои кај едната група појадокот бил најобилниот и главниот оброк во денот, а кај другата група најмногу храна се консумирала навечер, притоа двете групи внесувале исто вкупно количество на калории. Резултатите биле дека групата која појадувала обилно изгубила два и пол пати поголема маса за разлика од групата која консумирала најмногу храна навечер.
  5. Појадокот ви дава енергија тогаш кога ви е најпотребно и ви помага да не почувствувате голем пад на енергијата во текот на денот.
  6. Кога појадувате помала е шансата да ве фати “криза“ за јадење во подоцните вечерни часови.

Pin It on Pinterest