Елена Вајт направила значаен придонес во светот на литературата. Нејзиното плодоносно перо испишало околу 25 милјони зборови, односно 100.000 печатени и со рака напишани страници кои се обликувани во повеќе од 5.000 статии во списанија и 49 книги. Таа, според едно истражување во Конгресната библиотека, е четврти најпреведуван писател во историјата на литературата. Покрај тоа, таа е најпреведуван американски писател од сите, без оглед на полот.

Нејзините дела опфаќаат обем на теми кои ја вклучуваат религијата, воспитувањето, здравјето, општествените односи, евангелизмот, пророштвата, издаваштвото и исхраната. Нејзиното ремек дело за практичното христијанство кое го менува животот од темел, Патот кон Христа, е објавено на повеќе од 150 јазици и преку 100 милјони копии во оптек. Круната за нејзините литерарни достигнувања претставува едицијата „Космички конфликт“, кое ја следи војната помеѓу доброто и злото, од почетокот до крајот.

Секако, вистината е дека квантитетот не е исто што и квалитетот, дека плодното пишување не значи исторемено и добар квалитет на тие текстови. Можеби токму тоа е најзначајно во врска со списите на Елена Вајт – кои се изобилни и мајсторски напишани. Нејзините списи ги карактеризира суштинскиот квалитет кој ја издвојува од многу други пера.

Нејзините списи се длабоки, но исто така и практични, духовни, но и чувствителни, драматични без сензационализам, но и топли а без ефтин сентиментализам. Читателите го доживуваат мирот на умот и уверувањето на душите, кои ги водат кон разум, морално и сочувствително живеење. Едноставно кажано, Божјата љубов сјае од нејзините зборови.

Pin It on Pinterest