Како сето ова (наведено во претходната секција) можело да дојде од личноста која своите знаења не ги стекнала на колеџ и која дури не го ни завршила своето основно формално образование? Тешко е да се каже дека значајната книжевна дејност на Елена Вајт е само производ на човечкиот ум. Навистина, нејзините современици, знаејќи ја нејзината биографија и минималното образование, исто така знаеле дека повеќе од човечка мудрост била заслужна за нејзината заповедничка елоквентност, било во печатот, било во говорите во јавноста.
Што рекла Елена за своите списи? Како и обично, таа ја дала славата на Бога: „Господ рече: ’Пишувај ги работите кои јас ќе ти ги откријам’. И тоа го почнав, уште додека бев многу млада за да ја работам оваа работа. Мојата рака која беше немоќна и трепереше, се смируваше штом го земев перото во рака, па од тие први текстови јас бев во состојба да пишувам. Бог ми даде способност да пишувам. … Десната рака едвај да имаше непријатни чувства. Никогаш не се заморува. Ретко кога се застресува.“
Како и авторите кои напишале одредени делови од Библијата, така и Елена некои од своите зборови ги извлекувала од литературата, исорискиот, општествениот и религиозниот контекст од нејзиното време. Освен тоа, нејзиниот огромен обем на читање и искуства при патувањата, придонеле за тежината и богатството на нејзините мисли. Современоста на темите исто така го одредило истакнувањето и зачестеноста на она за што пишувала. На пример, таа видела длабока поврзаност за разбирањето на настаните во последните денови додека ја согледувала политичко – религиозната активност од нејзиното време, но сепак била во состојба да пишува на таков начин што луѓето во далечната иднина можат тоа суштински да го сфатат во своите духовни искуства.