Книжевната супериорност не било единственото предимство на Елена Вајт како писател. Таа била поттикнувачки општествен коментатор и морален водач многу пред нејзиното време. Разгледајте ги нејзините зборови за расната еднаквост, запишани, зачудувачки, во текот на времето на робовладетелството:
„Христос умрел за целото човечко семејство, било да е бело или црно. Бог го направил човекот слободен морален фактор, било да е бел или црн. Институцијата робовладетелство ова го поништува и му дозволува на човекот, над еднаквите со него, да манифестира моќ која Бог никогаш не му ја дал и која му припаѓа само на Бога… оние кои се осмелиле телото и душата на робот да ја стават во синџири, да го држат во понижување како животно, ќе бидат казнети.“
Исто така, пред своето време, таа пишува за рамноправноста на половите:
„Ева била создадена од Адамовото ребро, што симболички укажувало на тоа дека таа не треба да владее над него како глава, ниту да биде под неговите нозе како помалку вредна, туку да стои покрај него како еднаква на него, да ужива во неговата љубов и заштита.“
Многу пред придобивката од билната исхрана да биде докажана од страна на науката, таа пишувала:
„Во житарките, овошјето, зеленчукот и јаткастите плодови се наоѓаат сите хранливи состојки кои ни се потребни. Ако сакаме да дојдеме кај Господа во едноставност на духот, Тој ќе нè учи како да подготвиме здрава храна не употребувајќи го штетното месо.“
Овие реченици откриваат само мал дел од описот на овој исклучителен писател, за кој Пол Харви верувал дека треба да биде почитуван покрај Марта Вашингтон и Емили Дикинсон. Тој за Елена го кажал следново: „Дури сега светот почнува да ги вреднува нејзините препораки за оптималното духовно и физичко здравје… Елена Вајт! Не ја познавате? Запознајте ја.“