Составена само од 13 кратки поглавја, Патот кон Христа е ремек дело на Елена Вајт за практичното христијанство кое го менува животот од темел, објавено е на повеќе од 160 јазици во преку 100 милјони копии во оптек. Од неговото прво издание во 1892-ра година, тоа  инспирирало милијони читатели и истражувачи низ целиот свет. Неговата цел е на читателите да им укаже на Исус Христос, кој единствено може да им обезбеди бескрајна радост и олеснување од болката на овој свет кој полудел од зло. Додека ги охрабрува и оние кои се сомневаат и оние кои се во потрага да ги прегрнат Исусовите учења и да Му се придружат низ спасоносниот однос, исто така учи како да преживееме и да напредуваме како Божји луѓе во светот исполнет со грев.

Читателите од целиот свет под влијание на оваа книга биле инспирирани уште подобро да ја разберат Божјата љубов кон човештвото, нашата потреба за Исус и Неговиот Свет Дух за надминување на сомнежите, за духовен раст, вера и прифаќање, и уште многу друго.Таа не само што претставува Божји план за спасение – преку благодатта која простува – туку оваа книга ги охрабрува читателите да веруваат на Божјите ветувања за благодатта која оспособува таму каде што самоуништувачките, себични навики можат да бидат надвладеани со нови навики кои го одразуваат Христа.

Како што еден издавач забележува: „Никогаш патот кон Христа, влезот во личниот однос со Него, не бил толку јасно изнесен, како во ова значајно дело… освен Библијата, ниту една книга некогаш напишана, не покажала така непогрешливо како да се стане и остане христијанин.“

Pin It on Pinterest