Од впечатливи визии и соништа (кои бројат повеќе од 2000) до мноштво списи кои ги напишала на различни религиозни теми, Елена Вајт живеела извонреден животен пат, не само кога ќе се спореди со жените од своето време, туку дури и со најзначајните религиозните водачи на денешницата.

Покрај горе споменатите  придонеси, таа исто така била и еден од најслушаните говорници. Нејзиниот најголем говорнички потфат бил говорот пред 20.000 луѓе. Во своите говори се насочувала на религиозни теми, но од неа често е барано да зборува и за образованието, животот во домот, здравјето и умереноста.

Во оваа секција, ќе ги погледнеме различните аспекти од нејзината мисија, времелени на извонредни видувања чија што тема  е второто доаѓање на Исус Христос, па се до нејзиното разбирање за здравјето, принципите на образование и воспитување кои биле со децении пред нејзиното време.

Pin It on Pinterest